Артикли

Печати

Соопштение

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, придружуван од Државниот правобранител за подрачјето на Градот Скопје, г-дин Саша Станчевски, денес (петок, 14.09.2018) учествуваше на тркалезна маса за промоција на компаративната правна анализа на тема: “Најдобрите европски практики за мерење на перформансите на јавните обвинители во Унгарија, Франција, Обединетото Кралство, Данска, Хрватска и Македонија”, која се одржа во Скопје.

 На тркалезната маса учесниците беа запознати со методологијата за мерење на перформансите на јавните обвинители што претставува позитивна пракса која што во иднина би можела да се примени и за мерење на успешноста во работата на Државните правобранители во Република Македонија.

На настанот присутните беа запознати и за искуствата од евроспките земји во предметната област при што беше потенцирано дека позитивните искуства од земјите учеснички на настанот е позитивно да бидаат применети и во легислативата во Република Македонија.

Од страна на Државниот Правобранител Стафа беше истакнато дека организацијата на овој вид настани е од исклучителна важност за Република Македонија како од аспект на размена на искуства така и од аспект на подобрување на националното законодаство во областа на Државното правобранителство и фунскционирањето на оваа институција.

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, изрази благодарност до присутните за нивното активно учество на настанот и бладодарност до Британската Амбасада во Република Македонија.