Артикли

Печати

Соопштение

СООПШТЕНИЕ

     Државниот правобранител на РМ во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија на ден 27.02.2013 година (среда) оствари работна средба со претставници на Агенција за приватизација на Република Косово, Амбасадорот на Република Македонија во Република Косово Г-динот Стојан Карајанов, Претставник од Амбасадата на Република Косово во Република Македонија ,претставници од Министерство за финансии, Министерство за надворешни работи, Министерство за економија, Агенција за катастар на недвижности, АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и Бирото за судски вештачења. 
     Целта на работната средба е разгледување на можностите за размена на недвижен имот меѓу Република Македонија и Република Косово, во делот на претпријатија кои отишле во стечај или претрпеле одредена трансформација или пак да се одреди обемот на недвижниот имот кој не влегол во процесот на трансформација и кој имот евентуално би можел да се врати на Република Македонија а се наоѓа на територија на Република Косово или исплаќање на компензација за тој имот.
     На работната средба беше донесена Одлука за склучување на Протокол за соработка, кој ќе биде потпишан во текот на март месец 2013 година.

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА