Артикли

Печати

Соопштение

Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, на ден 18.10.2012 година се потпиша Протоколот за електронска размена на писмена меѓу Царинската управа преку Директорот - Г-дин Ванчо Каргов и Државното правобранителство на Република Македонија преку Државниот Правобранител на Република Македонија - Г-ѓа Оливера Китанова - Мицевска.
Со овој Протокол се уредуваат правилата за постапување на Царинската управа и Државното правобранителство на Република Македонија при користењето на електронскиот портал за размена на писмена.
Целта на овој Протокол е ефикасна и брза размена на писмената во електронски облик помеѓу Pротоколарните страни, во судските предмети во кои како странка се јавува Царинската управа.
 
4     5