Артикли

Печати

Презентација на медијацијата како начин за решавање на спорот

На 24 август 2012 година во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија - Скопје беше одржана средба со преставници од Министерството за правда и Институтот за европска политика – Скопје на која беше презентирана медијацијата како начин на решевање на спорови.

На средбата присуствуваа Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова-Мицевска, Државни правобранители за подрачје Скопје, советници во Државното правбранителство на Република Македонија. Презентери на медијацијата: д-р Малинка Ристевска Јорданова директор на Институтот за европска политика, Радица Лазаревска-Геровска државен советник во Министерството за правда и Мирјана Марковска-Андревски медијатор и адвокат.

Присутните на средбата се согласија за пренесување на пораката до сите учесници во спорови погодни за медијација која гласи:

Решете го спорот- да преку медијација

Брзо, ефикасно и достоинствено