Артикли

Печати

Потпишан Протокол за соработка

Posted in Вести

Министерот за правда Михајло Маневски и државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова на ден 16.12.2010 година потпишаа Протокол за соработка меѓу Владата, органите на државната управа и државното правобранителство за заштита на имотните интереси и права на Македонија, за активно и брзо делување, тогаш кога ќе се направи штета на буџетот.

Со Протоколот се уредува соработката во постапувањето по предмети во кои Државното правобранителство ги застапува органите пред судовите и другите органи во земјата и странство.

Потпишaн Протокол за соработка на Владата, органите на државната управа и државното правобранителство

Министерот за правда Михајло Маневски и државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова на ден 16.12.2010 година потпишаа Протокол за соработка меѓу Владата, органите на државната управа и државното правобранителство за заштита на имотните интереси и права на Македонија, за активно и брзо делување, тогаш кога ќе се направи штета на буџетот.

Со Протоколот се уредува соработката во постапувањето по предмети во кои Државното правобранителство ги застапува органите пред судовите и другите органи во земјата и странство.

Министерот за правда Михајло Маневски појасни дека со Протоколoт секој орган на државната управа е должен во рок од пет работни дена да го извести Државното правобранителство за определени состојби во врска со имотни права и интереси на надлежниот одрган за да може правобранителот во рамки на неговите овластување да преземе мерки за заштита на имотните права и интереси.

Сите државни органи и министерства се должни во рок од пет дена на државниот правобранител да му ги достават сите барани податоци што се однесуваат за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, истакна  Министерот за правда Михајло Маневски

За поефикасна заштита на имотните права и интереси државата, се стимулира споровите да се решаваат доброволно, односно по пат на медијација доколку е тоа можно. - Многу е поефикасно и поекономично разрешување на споровите по пат на медијација, отколку преку водење на долги постапки, истакна министерот Маневски.

Протоколот содржи и обврска државниот правобранител по добивањето на одлуката во која застапуваниот орган е задолжен со определена обврска, истата со прибавена клаузула за правосилност во рок од 24 часа да ја достави до надлежниот орган заради доброволно исполнување на обврската.

image3.jpgДржавниот правобранител Оливера Китанова истакна дека Протоколот се потпишува со цел да се заштити Буџетот на Република Македонија од неоправдани одливи на средства, а со тоа и заштита на имотните права и интереси.

Од мај 2006 година кога се донесе Законот за извршување па се до денеска, во однос на извршно-прекршочните предмети во управна постапка во државниот буџет се внесени 81 милион денари, а во однос на извршно-кривичните предмети 34 милиони денари, истакна  Државниот правобранител Оливера Китанова.

Со Протоколот, Министерот за правда Михајло Маневски укажа дека се предвидува кога се работи за намирување на парични побарувања кои имаат износ од над еден милион денари, покрај државниот правобранител на судењето да присуствува и претставник од министерството и органот на државната управа.

На новинарско прашање во однос на испитувањето на приватизацијата на претпријатија со општествен капитал, Државниот правобранител Оливера Китанова ги посочи „Фершпед“, „Агроплод“ и „Славија“ како позитивен пример како, кога државата ќе ги мобилизира силите може успешно да заврши едно преиспитување на приватизацијата.

image4.jpgСо правосилна пресуда и претпријатието „Сувенир„ од Самоков веќе има нов газада. Ова се предметите кои ги започнавме и се веруваме дека ќе имаат позитивна завршница согласно доказите со кои разполагаме, додаде таа.

Во Протоколот, како што посочи Државниот правобранител Оливера Китанова, доколку еден предмет оди во несакан правец во однос на Македонија, се предвидува можноста да се извести Владата и ресорното министерство за евентуално судско порамнување, се со цел да не се оштети Буџетот на Република Македонија.