Артикли

Печати

Известување

Posted in Вести

Државниот правобранител на Република Македонија со неговите соработници од 11-13 Октомври 2010 година, во Неум, во Босна и Херцеговина, присуствуваа на тркалезната маса на тема „Местото и улогата на правобранителствата (во системот на правосудството)“, одржана во организација на правобранителството на Босна и Херцеговина.
На средбата учествуваа претставници од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија.

 

neum1s neum2s

Државниот правобранител на Република Македонија го изнесе статусот на Државното Правобранителство на Република Македонија во рамките на правосудниот систем на Република Македонија.

Мора да се истакне дека како и на самиот работен дел така и во непосредните контакти со првите луѓе на правобранителствата на сите држави учеснички, се разменија бројни искуства, а беа направени и споредби на правосудните системи и на функционирањето на судството во блиското окржување.

Општата констатација на сите учесници на одржаната тркалезна маса во Неум, беше дека Република Македонија има постигнато голем напредок во спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во насока на остварување на што поефикасно судство, што се должи на донесените низа закони во Република Македонија во таа област.

Во дискусиите што се водеа на тркалезната маса, посебно беше истакнато местото и улогата на државното правобранителство во рамките на правосудниот систем во секоја од овие земји, особено значењето што го има државното правобранителство во заштитата на имотните права и интереси на државата.

Ваквите средби се исклучително корисни во размената на искуства во функционирањето на правобранителствата и извршувањето на правобранителската функција.