Артикли

Печати

Известување


Обука на тема: “Алтернативно разрешување на спорови” 20-30.10.2013 година Хаг, Кралство Холандија

Државниот правобранител на Република Македонија за подрачјето на Скопје, Саша Станчевскиво рамките на програмата МАТРА ПАТРОЛ од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија за обуки за јакнење на капацитетите во претпристапниот процес од страна на Кралството Холандија беше селектиран и избран како учесник во рамките на утврдената квота за Република Македонија и ја следеше обуката за Алтернативно разрешување на спорови ( Алтернативе Диспуте Ресолутион)          во периодот од 20-30.10 2013 година во Хаг, Кралство Холандија.

 

 Обуката за Алтернативно разрешување на спорови ( Алтернативе Диспуте Ресолутион) беше организирана на принцип на активно учество и размена на мислења во сите делови од наставата. Самата настава претставуваше спој од теорија, развивање на практични вештини, студиски посети и социјален дел од програмата.

 На курсевите земаа учество претставници од земјите кандидати и аспиранти за влез во ЕУ, како и земји од соседството, со индивидуално претставување за време на програмата.

Обуката во целост беше финансирана и покриена од Владата на Кралството Холандија.

Сите учесници на обуката има искуство од судската пракса и судските реформи во нивните земји, беа со добро познавање на писмен и говорен англиски јазик, високо мотивирани и спремни за споделување на нивното знаење со другите колеги-учесници.

Обуката беше оргинизирана во АССЕР Институте”- Центар за Интернационално и Европско право во Хаг.

Главен акцент на тренингот беше ставен на примената на Медијацијата и Арбитражата како Алтернативно разрешување на споровите.

Во рамките на обуката  беа вклучени повеќе студиски посети и тоа посета на Институтот за арбитража ТАМАРА во Ротердам, Арбитражата за решавање на спорови од градежништвото во Утрехт, предавања во Постојаниот арбитражен суд во Хаг, како и средба со претставниците на дипломатските претставништва на сите земји учеснички.

Обуката имаше за цел усовршување на знаења и способности, остварување на контакт со експерти од правниот систем ЕУ, разменувања знаења и искуства и добивање на повеќе познавања за примената на ЕУ легислативата во пракса.

            Исто така обуката беше добра можност да се спореди легислативата на земјите учеснички и легислативата во ЕУ, да се утврдат сличностите, да се детерминираат предноститете на одредени законските решенија со цел нивно инкорпорирање во домашниот правен систем.