Печати

Известување

   ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖА СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ОХРИД ВО ДЕНОВИТЕ 30.11.2012 И 01.12.2012 ГОДИНА.
   НА СОВЕТУВАЊЕТО ПРИСУСТВУВАА ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОЛИВЕРА КИТАНОВА - МИЦЕВСКА И ДРЖАВНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ ЗА СОДВЕТНО ПОДРАЧЈЕ. НА ИСТОТО БЕА ПРИСУТНИ И ГОСТИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ, ПРЕДВОДЕНИ ОД ДИРЕКТОРОТ НА УИПР Г-ДИН ЗОРАН КРСТАНОВСКИ .
   НА СОВЕТУВАЊЕТО ОСНОВНА ТЕМА БЕШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАТИЈА ("СЛ. ВЕСНИК НА РМ" БР. 95/12) И ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА ("СЛ.ВЕСНИК НА РМ" БР. 131/12).
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

 

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Печати

Соопштение

Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, на ден 18.10.2012 година се потпиша Протоколот за електронска размена на писмена меѓу Царинската управа преку Директорот - Г-дин Ванчо Каргов и Државното правобранителство на Република Македонија преку Државниот Правобранител на Република Македонија - Г-ѓа Оливера Китанова - Мицевска.
Со овој Протокол се уредуваат правилата за постапување на Царинската управа и Државното правобранителство на Република Македонија при користењето на електронскиот портал за размена на писмена.
Печати

Презентација на медијацијата како начин за решавање на спорот

На 24 август 2012 година во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија - Скопје беше одржана средба со преставници од Министерството за правда и Институтот за европска политика – Скопје на која беше презентирана медијацијата како начин на решевање на спорови.

На средбата присуствуваа Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова-Мицевска, Државни правобранители за подрачје Скопје, советници во Државното правбранителство на Република Македонија. Презентери на медијацијата: д-р Малинка Ристевска Јорданова директор на Институтот за европска политика, Радица Лазаревска-Геровска државен советник во Министерството за правда и Мирјана Марковска-Андревски медијатор и адвокат.

Присутните на средбата се согласија за пренесување на пораката до сите учесници во спорови погодни за медијација која гласи:

Решете го спорот- да преку медијација

Брзо, ефикасно и достоинствено

Печати

Известување

Се известуваат сите кандидати кои доставиле пријава по оглас за вработување за работно место возач, дека на ден 22.02.2012 година ( среда) во 13 часот во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија (зграда на Македонска телевизија 6-ти кат) ќе се одржи разговор со Државниот правобранител на Република Македонија.
Кандидатите со себе да понесат документ за лична идентификација.
 
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Државното правобранителство на Република Македонија, известува дека согласно член 17 став 3 од Законот за определување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, е извршена нова нумерација на адресата на седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија во Скопје.

Седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија во Скопје е

бул. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ бр. 8, Скопје.


ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Печати

Потпишан Протокол за соработка

Министерот за правда Михајло Маневски и државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова на ден 16.12.2010 година потпишаа Протокол за соработка меѓу Владата, органите на државната управа и државното правобранителство за заштита на имотните интереси и права на Македонија, за активно и брзо делување, тогаш кога ќе се направи штета на буџетот.

Со Протоколот се уредува соработката во постапувањето по предмети во кои Државното правобранителство ги застапува органите пред судовите и другите органи во земјата и странство.