Печати

Известување

Државниот правобранител на Република Македонија со неговите соработници од 11-13 Октомври 2010 година, во Неум, во Босна и Херцеговина, присуствуваа на тркалезната маса на тема „Местото и улогата на правобранителствата (во системот на правосудството)“, одржана во организација на правобранителството на Босна и Херцеговина.
На средбата учествуваа претставници од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија.

Печати

Известување

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО 
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
објавува

И З В Е С Т У В А Њ Е 

Државното правобранителство на Република Македонија ја известува јавноста дека на ден 19.02.2010 година (петок) до Комисијата за верификација на фактите доставени со нотарски заверени изјави од Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители за конкретно подрачје за несоработување со органите на државната безбедност за периодот опфатен со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Сл.весник на РМ” бр. 14/08 и 64/09).

Државно Правобранителство на Република Македонија