Печати

Годишен извештај 2015

Posted in Годишен извештај

 

Република Македонија

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 ДПБр.02-30/16-1

15.02­.2016 година

Скопје 

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

ЗА РАБОТАТА НА

ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА2015ГОДИНА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Февруари  2016 година

 

 

 

 

СОДРЖИНА

 

I.ВОВЕД........................................................................................................................................3

II. ВНАТРЕШНИ АКТИ НА ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА...............................................................................................................................5

III. АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСТВАРУВАЊЕ ДРЖАВНОПРАВОБРАНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА......................................9

IV. СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ..........................................................11

V. ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО ЗА 2015 ГОДИНА.........................................................................12

1. Парнични предмети.................................................................................................................12

2. Управни предмети и Управни спорови................................................................................13

3. Правни мислења.......................................................................................................................14

4. Извршни предмети...................................................................................................................15

5. Стечајни предмети...................................................................................................................15

6. Предмети од превентивниот метод на работа...................................................................16

7. Вонпарнични предмети...........................................................................................................16

8. Атхезиони предмети................................................................................................................17

9. Платни налози..........................................................................................................................17

10. Организационите предмети.................................................................................................17

11. Разно.........................................................................................................................................18

12. Денационализација................................................................................................................18

13. Постапување по претставки и предлози...........................................................................18

14. Слободен пристап до информации од јавен карактер...................................................19

15. Редовни и вонредни правни средства..............................................................................19

16.Стручни колегиуми..................................................................................................................20

VI.ГОДИШЕН ФИНАНСИСКИ ПЛАН ЗА 2015 ГОДИНА.............................................................20

VII.      ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕДМЕТСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО 2015 ГОДИНА

..........................................................................................................................................................22

VIII. ЗАВРШЕН ДЕЛ........................................................................................................................24

 

I. ВОВЕД

 

Согласно член 34 од Законот за државното правобранителство (Сл.весник на РМ 87/07) Државниот правобранител на Република Македонија за работата на Државното правобранителство на Република Македонија најмалку еднаш годишно ја известува Владата на Република Македонија, во која насока е изработен овој Годишен извештај за работата на Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година.

Државното правобранителство на Република Македонија е основано со Законот за државно правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07), со кој се уредуваат организацијата и надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија, условите и постапката за именување и разрешување на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители, нивните овластувања, права и должности, средствата за работа, пристапот до информации, соработката со органите на државната управа и други прашања од значење за работата.

Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.

Приоритетна цел на органот е правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, пред судовите и други органи во земјата и странство. Ефикасноста во своето работење ја постигнува со тим составен од обучен кадар.

Децениите поминати во целта за правна заштита на државата од повеќе аспекти придонесе да Државното правобранителство на Република Македонија стане самостојна институција која претставува важен фактор при остварување и заштита на интересите на државата.

            Согласно Одлука бр.19-6641/1 од 2 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија утврдени се 15 седишта на државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши државно-правобранителската функција и тоа во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.

Со Одлука бр.19-6641/2 од 02 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија определен е бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија при што за подрачје Скопје се определени 10 (десет) државни правобранители, за подрачје Гостивар 3 (три) државни правобранители, за подрачјата Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга и Кичево по 2 (два) државни правобранители и за подрачјата Охрид, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Штип по 1 (еден) државен правобранител.

Со Правилник Дел бр. 08-1437/7 од 14 јули 2008 година на Министерот за правда, утврдена е формата и содржината на образецот, содржината, постапката и начинот на издавање, користење и одземање на службената легитимација на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители.

            Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители во Државното правобранителство.

            Со Решение бр. 23-8358/1 од 5 ноември 2013 година на Владата на Република Македонија за Државен правобранител на Република Македонија е именуван Насер Ајдари.

            Седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија е во Скопје, на ул. Бул. Гоце Делчев бр.18, во зградата на Македонска Радио Телевизија на VI-кат.

            Државното правобранителство на Република Македонија има добиено Сертификат за Систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 , под регистарски број Q 1084/0 од 12.12.2014 година.

            Во Државното правобранителство на Република Македонија работат вкупно 117 лица, од кои 1 (еден) Државен правобранител на Република Македонија, Државни правобранители 33 ( триесет и три). Државни службеници вкупно 77 (седумдесет и седум) од кои Раководни државни службеници 4 (четири) :Државен советник 1 (еден) и Раководители на одделенија 3 (три), од стручно административен кадар 36 (триесет и шест ) од кои советници 17, соработник 1, помлад соработник 18, административен кадар 37 (триесет и седум) од кои самостоен референт 2, виши референти 20, референти 12, помлад референт 3 и вработени кои немаат статус на државен службеник 6 (шест). Од вкупно 117 вработени со Висока стручна спрема се 74 (седумдесетичетири), со Виша стручна спрема 1 (еден) со средна стручна спрема се 36 (триесет и шест) и со Основно образование 6 (шест). Од вкупен број на функционери 34: мажи се 15 (петнаесет), жени 19 (деветнаесет), од кои македонци се 32 и албанци 2 или процентуално 94,2% македонци и 5,8% албанци. Од вкупен број на државните службеници 77:мажи се 16 (шеснаесет), жени 61 (шеесет и еден), а од вкупен број на вработени кои немаат статус на државен службеник 6: мажи се 2 (два) а жени 4 (четири). Од вкупен број на вработени 117: мажи се 33 (триесетитри), жени 84 (осумдесет и четири). Од вкупно 117 вработени македонци се 89 (осумдесетидевет), албанци 23 (дваесетитри), срби 2 (два), турци 1 (еден), и бошњаци 2 (два), или процентуално 77.2% македонци, 19.6% албанци, 0.8% турци, 1.7% срби и 1.7% бошњаци.

            Со Одлука бр.42-11173/2-14 од 8 јануари 2015 година на Владата на Република Македонија објавена во Службен весник на Република Македонија бр.4 од 12 јануари 2015 година на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административен простор кој се наоѓа на Булевар „Гоце Делчев„ бр.18-Скопје, КП бр.12231, КО Центар 1, со површина од 700 м2, запишан во Имотен лист бр.98456, сопственост на Република Македонија ( во зградата на Македонската радио-телевизија). Со Одлука бр. 19-5453/1 од 2 декември 2008 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административно-деловен простор во Прилеп во површина од 117,20 м2, а со Одлука бр. 23-3275/1 од 7 јули 2003 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија е пренесено правото на користење на дел од приземје во површина од 570,79 м2 во Битола. Останатите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија смесетени се и користат простории во судовите, освен подрачје Кавадарци кое користи простории во локалната самоуправа во Општина Кавадарци.

            Државното правобранителство на Република Македонија  располага со веб страна: www.dprm.gov.mk, и е-маил адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

            Државното правобранителство на Република Македонија со своите подрачја се приклучени на Интернет и сите имаат свои е-маил адреси и сандачиња за прием на пошта.

 

II. ВНАТРЕШНИ АКТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

            Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Правилник за внатрешна организација ДП бр.02-864/15 од 17.12.2015 година и Правилник за систематизација на работните места ДП бр.02-863/15 од 17.12.2015 година.Согласно внатрешните акти формирани се 3 сектори и тоа Сектор за управување со човечки ресурси со 2 одделенија:Одделение за организациски развој и обука и Одделение за матична евиденција, Сектор за правни, општи и заеднички работи со 2 одделенија: Одделение за правни работи и застапување и Одделение за општи и заеднички работи и Сектор за финансиски прашања со 2 одделенија: Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки и Одделение за сметководство и плаќања.Како независно одделение е формирано Одделение за внатрешна ревизија.

            Донесен е Годишен распоред за работа на Државното правобранителство на Република Македонија за 2015 година ДП бр.02-550/2014 од 22.12.2014 година.

            Државното правобранителство на Република Македонија ги почитува принципите на правична застапеност . Во текот на 2015 година од страна на Владата на Република Македонија-Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор од 03.06.2015 година, од 14.07.2015 година и од 02.09.2015 година, Државното правобранителство на Република Македонија е известено за потребата од превземање на четири административни службеници во подрачјата Прилеп, Струга и Скопје. Со оглед да во тек беше изработка на нов Правилник за систематизација истите вработувања немаше  можност да се спроведат во тековната година. Новиот Правилник за систематизација е донесен на 17.12.2015 година. Во Државното правобранителство на Република Македонија во јануари месец 2015 година биле вработени вкупно 116, од кои административни службеници 82, од кои македонци биле 60, албанци 17, срби 2, бошњаци 2 и турци 1, а во декември 2015 година вкупно вработени биле 113 од кои административни службеници 79 од кои  македонци биле 57, албанци 17, срби 2, бошњаци 2 и турци 1. Од вкупен број на функционери 34: македонци се 32 и албанци 2 или процентуално 94,2% македонци и 5,8% албанци. Државното правобранителство на Република Македонија истакнува дека и понатаму ќе ги почитува принципите на правична застапеност согласно Уставните определби за  соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а со тоа ќе се стреми и кон имплементирање на усвоената Стратегија на Владата на Република Македонија , за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

            Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Стратешки план за 2016-2018 година ДП бр.02-287/15-1 од 30.06.2015 година и Стратешки план за 2016-2018 година -пречистен текст ДП бр.02-287/15-2 од 21.01.2016 год.

.

            Стратешки план на Државното правобранителство е стратешки документ преку кој се дефинираат активностстите за остварување на својата конкретна и единствена цел. Стратешкиот план за период од 2016 година- 2018 година, претставува контиунирано продолжување на стратешките цели и приоритети на Државното правобранителство на Република Македонија, програмите, активностите, потребните ресурси и финансиски средства за нивна реализација, како и очекуваните резултати. Како законски застапник на државата Државното правобранителство на Република Македонија своите стратешки цели ги утврдува преку стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во својот домен на дејствување.

 

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија произлегуваат од Одлуката за утврдување на Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2016 година: Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО; бескомпрописна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото(Сл весник на РМ бр.70/15).

 

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија се:

1. Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон

            Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

            -Продолжување на законито,стручно, ефикасно и економично извршување на државно-правобранителската функција како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија,

            -Зајакнување на капацитетите на Државното правобранителство на Република Македонија со зголемување на стручниот и стручно административниот кадар.

            -Спречување на одлив на буџетски средства

           

2. Воспитување на автоматизиран комјутерски систем за управување, сигурност и заштита во заведувањето и распоредувањето на предметите кои се водат во Државното правобранителство на Република Македонија и обезбедување на дигитални сертификати со токен за сите државни правобранители.

            Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

            -сигурност и заштита во заведувањето и распоредувањето на предметите и тоа од доставување на писмената, прием, отварање и прегледување на писмена, поднесоци, документи и податоци во електронска форма, работата на архивата на Државното правобранителство на Република Македонија во однос на водење на уписниците, образување на предмети, предавање на предметите во работа, прераспределба на предметите, извршувањето и наплатата на предметите и архивирање на предметите.

             

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2015 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија.

            Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2015 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно дваесет (20) предмети. По писмен пат се доставени дваесет (20) предмети, поднесени се од физички лица дванаесет (12) предмети, од правни лица четири (4) предмети и од други четири (4) предмети .

            Во насока на спроведување на Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, се одржуваат работни  средби и состаноци со претставници на државните органи за надминување на одредени проблеми кои се појавуваат во тековното работење на секој орган, а кое е непосредно во врска со постапувањето на Државното правобранителство на Република Македонија во остварување на основата надлежност,а тоа е превземање на мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија

            Соработката на Државното правобранителство на Република Македонија и државните органи е на завидно ниво и сметаме дека во оваа насока истата и ќе продолжи. Државното правобранителство на Република Македонија смета дека соработката помеѓу органите на државната управа е многу значаен и претставува еден вид успешен начин на надминување и разрешување на правни прашања кои се појавувааат во основната функција на Државното правобранителство, заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Државното правобранителсто на Република Македонија како државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Репубика Македонија ќе продолжи со законито, стручно, ефикасно и економично извршување на државно-правобранителската функција како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и координирано да постапува во работењето и постапувањето односно остварувањето на државно-првобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

            Позитивната соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжи и уште повеќе да се надградува се во интерес на целосната заштита на имотните права и интерси на Република Македонија.

 

III. АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСТВАРУВАЊЕ ДРЖАВНОПРАВОБРАНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА

 

Активностите и работата на  Државното правобранителство на Република Македонија во текот на 2015 година, произлегуваат од овластувањата, правата и обрвските што Државното правобранителство на Република Македонија ги има согласно Законот за државното правобранителство, системските закони и другите законски и подзаконски прописи.

            Државното правобранителство, во својата работа применува закони, законски прописи и подзаконски акти кои уредуваат правна материја од повеќе области на правото, како што се прописите од материјалното право: Законот за облигациони односи, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за денационализација, Законот за градежно земјиште со подзаконските акти, прописите поврзани со трансформација на општествениот капитал и продажбата на државниот капитал; потоа прописи од формално правен карактер, како што се Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за општа управна постапка, Закон за експропријација, Законот за стечај, Законот за нотаријат, Закон за кривична постапка во делот на оштетните побарувања и други правни прописи.

            Покрај надлежностите и овластувањата што ги има со законите и другите подзаконски акти, Државното правобранителство на Република Македонија постапува редовно и согласно Заклучоците од Владата на Република Македонија.Државните правобранители секогаш активно учествуваат на седниците на Комисиите на Владата на Република Македонија,како и на седници на Владата на Република Македонија.

            Во текот на 2015 година, во работата на Државното правобранителство на Република Македонија најголемо место завземаат предметите поврзани со постапката за давање Правни Мислење,парнични предмети и управните предмети. Во голем број се и  предметите за стечај.

             Државното правобранителство на Република Македонија учествува во постапките за отуѓување на градежното изградено и неизградено земјиште со давање на соодветно мислење,неговата приватизација соглесно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост,како и за отуѓување на други недвижности сопственост на државата.

            Активното учество на Државниот правобранител во постапката за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата, се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат.  

            Улогата на Државниот правобранител во постапките за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија,како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата е многу битна, а надлежноста се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат,во кој е утврдено дека нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител на РМ, ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, односно размена на недвижности, а како една од договорните страни се јавува Република Македонија,а другата е физичко или правно лице. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител, и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислење, а најдоцна за 30 дена. Во оваа постапка, во зависност од конкретниот случај, Државното правобранителство на Република Македонија дава позитивно или негативното мислење.

            Улогата на Државниот правобранител во постапката за приватизација на градежното земјиште сопственост на Република Македонија исто така е многу битна, бидејќи нацрт решенијата за приватизација заедно со сите списи пред да се достави до барателот се доставуваат на мислење до Државниот правобранител на Република Македонија кој што мислењето го доставува во рок од 15 дена по приемот на нацрт решението, а согласно Закон за приватизација и закуп на градежно земјуште во државна сопственост и Законот за измени и дополнувања на Законот на приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост.

           Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови и други органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стучни Правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.             

 

V.СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ

 

            Државниот правобранител на Република Македонија,согласно одредбите од Законот за Државно правобранителство, во врска со прашања од значење за остварувањето на неговата функција и по прашања од заеднички интерес, соработува со органите на државната власт, судовите и со физички и правни лица.

            Начелно, соработката помеѓу Државното правобрнителство на Република Македонија со судовите, Јавното обвинителство, министерствта и други органи и организации е задоволителна, иако во определени случаи се појавуваат одредени потешкотии, кои најчесто се резултат на релативно краткиот рок за постапување и превземање на определени правни дејствија.

            Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови, другите органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стручни правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.

             Во текот на 2015 година, Државниот правобранител на Република Македонија имаше бројни средби и соработка со многу државни институции.На ден 28.01.2015 година беше одржана работна средба со Градоначалникот на Општина Илинден. .Во текот на февруари месец беа одржани повеќе состаноци и тоа со Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за одбрана, Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, со Генералниот секретаријат при Влада на РМ, Централниот регистар, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика. Во текот на март месец беа одржани средби со Општина Гази Баба, Кисела Вода, Агенција за управување со одземен имот, а во текот на април месец беа одржани средби со Градоначалникот на Општина Петровец, Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Министерството за здравство. Во септември месец се одржа состанок со Комората на медијатори, во октомври со Агенцијата за цивилно воздухопловство.Во ноември месец беа одржани средби и со Министерството за транспорт и врски, заедничка средба на претставници на Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, потоа со Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност, состанок со Министерството за финансии-Управата за јавни приходи.

            Државниот правобранител на Република Македонија во текот на 2015 година  изврши редовни посети на сите 14 подрачја каде се обавува државно правобранителската функција.

           

 VI. ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО ЗА 2015 ГОДИНА

 

            Државното правобранителство на Република Македонија, во периодот од 01.01.2015 год. по заклучно со 31.12.2015 год., постапувало по сите видови предмети кои спаѓаат во негова надлежност.

            Во текот на 2015 година, Државното правобранителство на Република Македонија   имало во работа и постапувало во вкупно 221.627 предмети, и тоа од сите области на правото каде е потребно преземање мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Согласно Сумарниот Преглед за движење на предметите за 2015 година за подрачјето на Скопје каде што е и седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија вкупно предмети во работа имало 64.245 .

           

            Како составен дел на овој Извештај се и Сумарниот преглед за движење на предметите за 2015 година за сите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија и Сумарниот преглед за движење на предметите за 2015 година за подрачје Скопје.

1.Парнични предмети

           

            Парничните предмети имаат посебна важност и се сметаат како посложени предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство на Република Македонија.

            Во 2015 година вкупно предмети во работа биле 11469.

            Споровите кои се водат во парничните постапки каде Државното правобранителство на Република Македонија се јавува како законски застапник на Република Македонија и нејзините органи, се по најразлични основи, од кои како   најчести и позначјани може да се споменат следниве:

            - спорови за утврдување на право на сопственост на недвижен имот

            -спорови за надомест на материјална и нематеријална штета, и тоа по основ на неоправдано осудени или неосновано лишени од слобода лица; заради противправно одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка; како и надомест на штета подруги основи;

            - Спорови во врска со поништувањето на договори кои ги склучила Република Македонија, особено: договори склучени во постапките за отуѓување или давање под закуп на државен имот (градежно земјиште, земјоделско земјиште); договори склучени во постапките за јавна набавка и други договори каде како договорна странка се јавува Република Македонија или некој нејзин орган, доколку постојат законски основи за нивно поништување;

            - Спорови во врска со наплата на долгови по најразлични основи, било во случај Република Македонија или нејзин орган да се јавува во својство на доверител или должник;

            - Работни спорови во кои најчесто државните органи се тужени заради спроведена постапка и донесени одлуки по дисциплински постапки, неисплатени степен на кариера, и утврдување дека државните службеници се стекнале со степен на кариера,  поради недонесување решение за стекнување со степен на кариера, исплата на јубилејна награда.

           -Спорови за утврдување оспорено право во стечајна постапка

            Од прибавените податоци во 2015 година биле поднесени редовни правни лекови-  жалби 753 пред Апелационите судови во Република Македонија и вонредни правни лекови- ревизии 33 пред Врховниот суд на Република Македонија.

                       

2.Управни предмети и Управни спорови

 

            Во текот на 2015 година управни предмети во работа биле 14.505

            Работењето по управните предмети се однесуваат на покренувањето и водењето на управни постапки заради реализација на урбанистичкиот план кое се однесува  за одземање од владение градежно неизградено земјиште, експропријација на недвижности и одземање или ограничување на правото на користење на недвижности во државна сопственост. Во овие предмети влегуваат и доставувањата на потврди од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, кои се однесуваат за промена на содржината на недвижностите во имотните листови, на име на физички или правни лица, или на име на Република Македонија.

            Во текот на 2015 година управни предмети биле 14505 а управни спорови во работа биле 5939, при што од прибавените податоци тужби за управен спор покренати од страна на Државното правобранителство на Република Македонија биле 46, а жалби 50, а предлози за експропријација 838.

Управните спорови произлегуваат од постапки за денационализација и најголем дел по прекршочни постапки согласно член 42-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови односно пороизлегува обврска на Државното правобранителство да учествува во управна постапка, која постапка произлегува од работата на Прекршочни комисии, во кои постапки Државното правобранителство воопшто не учествува. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови чл.42-а е утврдено дека против одлука на Управниот суд, органот чиј акт бил предмет на управниот спор може да поднесе жалба преку  Државниот правобранител на Република Македонија.

 

3.Правни мислења

 

Посебен вид предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство преставуваат давањето правни мислења кои согласно законските овластувања ги дава Државниот правобранител на Република Македонија.

            Во текот на 2015 година од областа на правни мислења во работа вкупно биле 31136( 22.182 во 2014 година), од кои само примени предмети во работа во текот на годината биле 18283 (14.208 во 2014 година), а со оглед на високиот број на завршени предмети 17863 (9.329 во 2014 година) и споредбено со 2014 година,  може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност.

            Согласно член 46 од Законот за нотаријат, улогата на Државниот правобранител во давање на мислења е од големо значење. Имено ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, физичка делба на недвижност, односно размена на недвижности, како една од договорните страни се јавува Република Македонија, нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислењето,  а најдоцна за 30 дена. Ако Државниот правобранител не даде мислење во определениот рок, нотарот ќе го изврши потврдувањето на исправата како да е дадено мислење. Исправите потврдени спротивно на одредбите на овој член немаат сила на јавна исправа и се сметаат за апсолутно ништовни.

            Државното правобранителство успешно го совладува приливот на нови предмети од овој вид. Решавањето на овој вид предмети, односно времетраењето на постапката за давање на правни мислења, најмногу зависи од работењето на самото Државно правобранителство, па може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност,кога неговата работа не зависи од преземање на дејствија и постапување од страна на други субјекти.

 

4. Извршни предмети

 

             Во текот на 2015 година извршни предмети вкупно во работа биле 6849.           Ова се предмети кои се водат пред надлежни извршители. По извршните предмети од прибавените податоци биле поднесени 84 приговори и 83 жалби.

 

5.Стечајни предмети

 

            Во текот на 2015 година стечајни предмети вкупно во работа биле 4855. Државното правобранителство како законски застапник на Република Македонија во стечајните постапки учестува како доверител во случаевите кога по известие добиено од Управата за јавни приходи,  Државното правобранителство  поднесува барање за отворање на стечајна постапка, односно во отворена стечајна постапка поднесува стечајни побарувања кои ги има Република Македонија спрема стечајниот должник.        Во стечајната постапка пред судовите, Државното правобранителство зема активно учество штитејќи ги имотните права и интереси на Република Македонија кога таа или нејзин орган се јавува како доверител во стечајна маса. Во случаите кога се работи за поголемо побарување што Република Македонија го има пријавено во стечајната маса, тогаш Државното правобранителство учествува во работата на Одборот на доверители.

            Државното правобранителство во стечајните постапки поднесува тужби пред надлежните судови, во случаите кога од страна на стечајниот суд е упатен на судски спор. Овие постапки се водат пред надлежните граѓански судови, во кои Државното правобранителство превзема правни дејствија за докажување на побарувањето на органот кого го застапува.

            Државниот правобранител на Република Македонија инсистира во рамките на стечајните постапки секогаш пред гласањето во Одборот на доверители или пред Собранието на доверители, Државно правобранителство на Република Македонија  да има добиен точен и изграден став од органот кој го застапува во кој правец ќе се одвива гласањето во рамките на органите на стечајната постапка.

 

 6.Предмети од превентивниот метод на работа

 

Во постапувањето по овие предмети , Државното правобранителство  врши претходно испитување и анализирање на пристигнатите поднесоци, дописи, претставки, извештаи и сл. и доколку увиди дека се повредени имотните права и интереси на Република Македонија, тогаш заради заштита на истите , поведува соодветна постапка пред надлежен орган, или превзема други дејствија за кои е овластено да ги превзема. Еден од превентивните методи на работа се и Опомените до физичките и правните лица за доброволно плаќање на долговите кон Република Македонија.

Во текот на 2015 година превентивни предмети вкупно во работа биле 4239.

 

7. Вонпарнични предмети

 

Вонпарнични предмети се предмети кои се однесуваат за определување на надомест за градежно земјиште одземено од владение, експропирани недвижности,како и предмети по физичка делба на ствари сопственост на Република Македонија.

Во текот на 2015 година вонпарнични предмети вкупно во работа биле 1972, а од прибавените податоци биле поднесени 38 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија.

 

 

 

8. Атхезиони предмети

 

            Во атхезионите предмети Државното правобранителство застапувајќи ја Република Македонија и нејзините органи, поднесува имотно правни побарувања насочени спрема обвинетите во кривичната постапка. Ова учество е веќе по започнатите истражни и кривични постапки од страна на Јавното обвинителство кои постапки се однесуваат на предметите поврзани со злоупотреба на службена положба и овластувања,  коруптивни дејанија и друго.

            Во текот на 2015 година атхезиони предмети вкупно во работа биле 918,а од прибавените податоци биле поднесени 2 жалби .

 

9. Платни налози

           

            Од страна на нотарите до Државното правобранителство  се доставуваат платни налози  по кои во најголем дел се поднесуваат приговори , кои потоа поради спорност продолжуваат во постапка пред надлежните првостепени граѓански судови.

            Во текот на 2015 година предмети по платни налози вкупно во работа биле 890.

 

10. Организационите предмети

 

Во овој вид предмети спаѓаат предметите, по кои постапува Државниот правобранител на Република Македонија во неговата соработка со другите органи , установи, институции, со размена на податоци и информации, со давање правни мислења, правна помош и совети, на органите кои не се застапувани од Државното правобранителство на Република Македонија, а се корисници на средства од Буџетот на Република Македонија (училишта, национални установи, дирекции, агенции и сл.), како и премети поведени по повод разни поднесоци, барања, предлози и сл. поднесени непосредно до Државниот  правобранител на Република Македонија, од страна на правни и физички лица.

        Тука спаѓаат и предметите преку кои Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители кореспондираат и соработуваат, во врска со организациони прашања во рамките на Државното правобранителство, како и други предмети кои се однесуваат за размена на податоци и информации.

            Во текот на 2015 година организациони предмети вкупно во работа биле 2808, од кои примени 1902, а завршени 1246.

 

11. Разно

 

Посебни предмети кои се наоѓаат во работа при Државното правобранителство се предмети кои се однесуваат за постапувањето на Државното правобранителство по повод на најразлични поднесоци, барања, известувања, предлози и слично доставени од страна на државните органи, правните и физичките лица.

Во текот на 2015 година предмети разно вкупно во работа биле 1969.

 

12. Денационализација

 

            Во текот на 2015 година предмети за денационализација вкупно во работа биле 6934, од кои 346 биле примени во работа, од кои 376 се завршени предмети.

            Државното правобранителство на Република Македонија преку државните правобранители, превзема соодветни мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Во сите случаи кога се констатираат повреди на имотните права и интереси на Републиката во процесот на денационализција, се поднесуваат тужби до Управниот суд, односно жалби до Вишиот управен суд. Од страна на Државниот правобранител на Република Македонија во рамките на надлежностите се прават напори да се испочитува ставот на Владата на РМ овој процес да заврши што е можно поскоро.

 

13. Постапување по претставки и предлози

Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2015 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно дваесет (20) предмети. По писмен пат се доставени дваесет (20) предмети, поднесени се од физички лица дванаесет (12) предмети, од правни лица четири (4) предмети и од други четири (4) предмети .

 

14.Слободен пристап до информации од јавен карактер

 

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2015 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија

 

15.Редовни и вонредни правни средства

 

            Од прибавените податоци во 2015 година биле поднесени редовни правни лекови-  жалби 753 пред Апелационите судови во Република Македонија и вонредни правни лекови- ревизии 33 пред Врховниот суд на Република Македонија.

            Во текот на 2015 година управни спорови во работа биле 5939, при што од прибавените податоци тужби за управен спор покренати од страна на Државното правобранителство на Република Македонија биле 46, а жалби 50.

Во текот на 2015 година извршни предмети вкупно во работа биле 6849, во кои од прибавените податоци се поднесени 84 приговори од страна на Државното правобранителство на Република Македонија и 83 жалби.

Во текот на 2015 година вонпарнични предмети би вкупно во работа биле 1972, во кои од прибавените податоци се поднесени 38 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија.

 

 

 

16 .СТРУЧНИ КОЛЕГИУМИ

 

            Државниoт правобранител на Република Македонија по потреба одржува Стручен Колегиум , на кој се разгледуваат стручни предмети од надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија. Исто така Државниот правобранител на Република Македонија, организира заеднички средби и со сите Државни правобранители  од подрачјата на Државното правобранителство на Република Македонија.

            На ваквите Стручни колегиуми се донесуваат заклучоци, со што се постигнува унифицирано постапување на сите Државни правобранители и со што се зголемува и ефикасноста и ажурноста во работењето.

 

VII.ГОДИШЕН ФИНАНСКИСКИ ПЛАН ЗА 2015 ГОДИНА

 

            Согласно Годишниот финансиски план за 2015 година на Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметката број 040060058263710  од планираниот износ од 144.520.600,00 денари, реализирани се 96.063.022,00 денари.

 

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

42.179.376,00

401

Плати и надоместоци

15.614.725,00

402

Придонеси за социјално осигурување

      75.270,00

420

Патни и дневни раходи

 4.671.337,00

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

    564.312,00

423

Материјали и ситен инвентар

 182.411,00

424

Поправки и тековно одржување

267.743,00

425

Договорни услуги

27.899.587,00

426

Други тековни расходи

12.999,00

465

Исплата по извршни исправи

4,510,750,00

465310

Главен долг по судски порамнувања

84.512,00

480

Купување на опрема и машини

0

485

Вложувања и нефинансиски средства

           

 

            Годишниот финансиски план за 2015 година за Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметка 040060058263118  од планираниот износ од  2.695.000,00 денари, реализирани се 524.665,00 денари.

 

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

17.020,00

420

Патни и дневни расходи

0

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

131.358,00

423

Материјали и ситен инвентар

119.389,00

424

Поправка и тековно одржување

74.478,00

425

Договорни услуги

7.112,00

426

Други тековни расходи

148.492,00

464

Разни трансфери

18.201,00

465

Исплата по извршни исправи

8.615,00

480

Купување на опрема и машини

 

 

 

 

 

VIII.     ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕДМЕТСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО 2015 ГОДИНА

 

 

            Државното правобранителство на Република Македонија, во своето работење успешно пред надлежните судови ги застапуваше интересите на Република Македонија и нејзините органи. Во оваа насока претставуваме само дел од успешно завршените предмети

            1. Со Пресуда 1 ТС-5586/07 од 13.06.2014 година и од 02.10.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје усвоено е тужбеното барање на тужителот Република Македонија-Министерство за финансии како правен следбеник на Агенцијата за развој и инвестиции против тужените ДПУГ Конартис ДОО увоз-извоз Скопје и Комерцијална банка АД Скопје по основ утврдување на ништовност на нотарски акт, вредност на спор 47.214.000,00 денари, и издадена е Потврда за запишување на промена во катастарот на недвижностите бр. 1115-4447/2015 од 29.12.2015 година на Агенцијата за кататстар на недвижности.

            2. Со Пресуда 26 П бр.4425/09 од 07.03.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје тужбеното барање на физички лица против тужените РМ-Министерство за одбрана, Јавна здравствена установа-Градска општа болница „8-ми Септември„ од Скопје  и РМ-Министерство за здравство по основ надомест на штета во вредност од 38.000.000,00 денари одбиено  е како неосновано.Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ГЖ - 4844/14 од 05.02.2015 година на Апелациониот суд Скопје.

            3. Со Пресуда ТС бр.17/14 од 31.03.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје тужбеното барање на тужителот РМ-Министерство за финансии против тужениот ДПП Тритекс ДОО Прилеп за долг во вредност од 12.800.000,00 денари делумно го усвоил, но со Пресуда ТСЖ -1598/14 од 18.12.2015 година на Апелациониот суд Скопје пресудата е преиначена и усвоено е тужбеното барање на тужителот РМ-Министерство за финансии.

            4. Со Пресуда ПЛ1-2745/12 и ПЛ1-4299/12 од 02.12.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје  по тужба на тужител РМ-Апелационен суд Скопје против тужен ДПТУ Евро Комерц-5 Николовски Живко ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар за долг во вредност од 790.275,00 денари поднесена врз основа на приговор против Решение на нотар Сашо Клисаровски УПДР бр.373/12 од 18.06.2012 година од страна на тужениот, приговорот  е одбиен како неоснован, а решението УПДР бр.373/12 од 18.06.2012 година останува во сила, а по тужба на тужител ДПТУ Евро Комерц-5 Николовски Живко ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар за долг во вредност од 790.275,00 денари против тужен РМ-Апелационен суд Скопје врз основа на приговор на РМ-Апелационен суд Скопје против решение на нотар Сашо Клисаровски УПДР бр. 525/12 од 17.09.2012 година приговорот  е усвоен и решението  на нотар Сашо Клисаровски УПДР бр. 525/12 од 17.09.2012 година е укинат. Оваа пресуда станала правосилна  на 16.03.2015 година а извршна на 27.04.2015 година.

            5. Извршител Благојче Кипровски од Скопје донесе Налог за извршување врз недвижност И бр.87/2016 по барање на доверител РМ-Министерство за финансии против должник Конзервна фабрика Струмица од Струмица за спроведување на извршување по Пресуда 10 ТС-575/13 од 19.06.2014 година на Основен суд Скопје 2 Скопје за вредност 7.078.278,00 денари.

            6. Со Пресуда 17 ТС-1252/10 од 27.03.2013 година тужбеното барање на тужителот Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД Скопје и замешувачот на страна на тужителот Република Македонија, делумно е усвоено према тужениот АД за градежништво ПЕЛАГОНИЈА Скопје за утврдување на побарување, вредност на спор 2.075.745,65 УСА долари по основ на ненаплатено побарување за извршени работи на проекти во Ирак. Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ бр.1939/13 од 20.12.2013 година на Апелациониот суд Скопје и истата е доставена на извршување на ден 02.03.2016 година до Основен суд Скопје 2 Скопје по основ на наплата на трошоци на постапка во износ од 23.400,00 денари во корист на Република Македонија.

            7. По тужба на тужител Фабрика Карпош против тужен Агенција за млади и спорт за долг во вредност од 1.262.420,00 денари  тужбата со поднесок од 03.02.2016 година од страна на тужител е повлечена, а од страна на Државното правобранителство на РМ предјавеи се трошоци во постапката од 25.740,00 денари.

            8.Пред Основниот суд Скопје 2 Скопје со решение 5 Л бр.83/07 од 17.09.2012 година е утврдено разлачно право на Република Македонија-Министерство за финансии за обезбедено побарување во вкупен износ од 35.000.000,00 денари со процентуално учество од 80,64% од воспоставеното разлачно право над недвижен имот на КПК АД Куманово за профитен центар Ситна кожа со пратечки објекти засновано врз нотарски акт ОДУ бр.24/2000 кај Нотар Мице Илиевски од Куманово за обезбедено побарување во вкупен износ од 43.400.000,00 денари во корист на ликвидациониот должник Македонска банка АД-во ликвидација Скопје, со Решение на Основен суд Куманово Ст бр.176/02 од 22.10.2003 година. Со Решение 5 Л-63/07 од 20.01.2016 година на Основен суд Скопје 2 Скопје одобрен е планот за распределба на ликвидациона маса на должникот Македонска банка АД Скопје во ликвидација меѓу другите и Република Македонија-Министерство за финансии со утврдено побарување во износ од 10.429.162,00 денари му се распределува идеален дел од недвижен имот од 193/1521 и подвижен имот и тоа 1 глав. серв.(дел од вредност) со проценета вредност од 101.388,00 денари и со процент за распределба од 12.68693%..Со Пресуда 13 ТС бр.142/13 од 19.12.2014 година на Основен суд Скопје 2 Скопје во правната работа на тужителот Република Македонија-Министерство за финансии против тужен Македонска банка АД Скопје во ликвидација, за утврдување на оспорено побарување вредност на спор 180.950.902,00 денари,  утврдено е побарување на тужителот во износ од 10.429.162,50 денари со законска затезна камата согласно ЗВСЗК сметано од 22.10.2007 година до 31.01.2010 година и законска камата на истиот износ во висина на референтна стапка на Народна банка на РМ  што за секое полугодие важаела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени сметано од 01.02.2010 година до исплатата.

            9.Основниот суд Скопје 2 Скопје по тужба на тужител Клуб за гимнастички спортови Партизан -Орце Николов од Скопје против тужен Република Македонија за утврдување на право на сопственост по основ на градба на фискултурна сала во Градски Парк со вкупна површина од 591 м2 и доградби од јужна страна, помошен објект-гаража, котларница, спортски терен за кошарка, спортси терен за ракомет, вредност на спор 100.000,00 денари е одбиено како неосновано.Тужителот е задолжен и со трошоци на постапката во износ од 57.850,00 денари. Оваа Пресуда е потврдена и со Пресуда ГЖ-5071/14 од 16.10.2014 година на Апелациониот суд Скопје.

            10.Со Пресуда 21П1-2310/11 од 21.07.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје тужбеното барање на тужител Благоја Николовски од Скопје против тужен Република Македонија -Министерство за транспорт и врски за надомест на штета во вредност од 29.570.619,00 денари е одбиено како неосновано, а тужител е задолжен со трошоци на постапката во износ од 113.880,00 денари .Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ГЖ -6521/14 од 06.05.2015 година на Апелациониот суд Скопје. 

            Сите овие предмети се само дел од успешното постапување на Државното правобранителство на Република Македонија без разлика дали се јавува како застапник по закон од страна на тужител или на страна на тужен.

 

IX.        ЗАВРШЕН ДЕЛ

 

            Законитото, стручното, ефикасното и економичното извршување на државно- правобранителската функција, како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и превземањето на сите мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и на нејзините органи, ќе продолжи и понатаму со координирано постапување во работењето  и постапувањето односно остварувањето на државно- правобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

            Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжат со позитивната соработка и уште повеќе истата да се надградува, се во интерес на целосната заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и нејзините органи.

 

ПРИЛОГ:

- Сумарен преглед за движење на предметите за 2015 година за сите подрачја каде што се врши државно-правобранителската функција,

- Сумарен преглед за движењето на предметите за 2015 година за подрачјето на Скопје

 

Изработил:

Државен советник

Андријана Сливоска         

                                                              ДРЖАВЕН  ПРАВОБРАНИТЕЛ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                                                                               Naser Ajdari