Печати

Годишен извештај 2016

Posted in Годишен извештај

 

Република Македонија

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 ДП Бр.02-45/17

06.02.2017 година

Скопје

 

 

 

 

 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

ЗА РАБОТАТА НА

ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2016 ГОДИНА

 

 

 

 

 

 

 

Февруари  2017 година

 

 

 

 

СОДРЖИНА

 

I. ВОВЕД...................................................................................................................................................................3

II. ВНАТРЕШНИ АКТИ НА ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА..........................................................................................................................................................6

III. АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСТВАРУВАЊЕ ДРЖАВНОПРАВОБРАНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА.................................................................12

IV. СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ...................................................................................14

V. ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО ЗА 2016 ГОДИНА...................................................................................................15

1. Парнични предмети........................................................................................................................16

2. Управни предмети и Управни спорови.......................................................................................17

3. Правни мислења.............................................................................................................................18

4. Извршни предмети.........................................................................................................................19

5. Стечајни предмети..........................................................................................................................19

6. Предмети од превентивниот метод на работа..........................................................................19

7. Вонпарнични предмети..................................................................................................................20

8. Атхезиони предмети.......................................................................................................................20

9. Платни налози..................................................................................................................................20

10. Организационите предмети ........................................................................................................21 

11. Разно................................................................................................................................................21

12. Денационализација.......................................................................................................................21

13. Постапување по претставки и предлози...................................................................................22

14. Слободен пристап до информации од јавен карактер...........................................................22

15. Редовни и вонредни правни средства......................................................................................23

16.Стручни колегиуми.........................................................................................................................23 

VI.ГОДИШЕН ФИНАНСИСКИ ПЛАН ЗА 2016 ГОДИНА.......................................................................................24

VII.ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕДМЕТСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО 2016 ГОДИНА.........................................25

VIII. ЗАВРШЕН ДЕЛ...............................................................................................................................................27

 

 

 

I. ВОВЕД

 

Согласно член 34 од Законот за државното правобранителство (Сл.весник на РМ 87/07) Државниот правобранител на Република Македонија за работата на Државното правобранителство на Република Македонија најмалку еднаш годишно ја известува Владата на Република Македонија, во која насока е изработен овој Годишен извештај за работата на Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година.

Државното правобранителство на Република Македонија е основано со Законот за државно правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07), со кој се уредуваат организацијата и надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија, условите и постапката за именување и разрешување на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители, нивните овластувања, права и должности, средствата за работа, пристапот до информации, соработката со органите на државната управа и други прашања од значење за работата.

Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.

Приоритетна цел на органот е правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, пред судовите и други органи во земјата и странство. Ефикасноста во своето работење ја постигнува со тим составен од обучен кадар. 

Децениите поминати во реализација на целта за правна заштита на државата од повеќе аспекти придонесе Државното правобранителство на Република Македонија да стане самостојна институција која претставува важен фактор при остварување и заштита на имотните права и интереси на државата. 

Согласно Одлука бр.19-6641/1 од 2 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија утврдени се 15 седишта на државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши државно-правобранителската функција и тоа во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.

Со Одлука бр.19-6641/2 од 02 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија определен е бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија при што за подрачје Скопје се определени 10 (десет) државни правобранители, за подрачје Гостивар 3 (три) државни правобранители, за подрачјата Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга и Кичево по 2 (два) државни правобранители и за подрачјата Охрид, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Штип по 1 (еден) државен правобранител.

Со Правилник Дел бр. 08-1437/7 од 14 јули 2008 година на Министерот за правда, утврдена е формата и содржината на образецот, содржината, постапката и начинот на издавање, користење и одземање на службената легитимација на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители.

Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители во Државното правобранителство. 

Со Решение бр. 23-8358/1 од 5 ноември 2013 година на Владата на Република Македонија за Државен правобранител на Република Македонија е именуван Насер Ајдари.

Седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија е во Скопје, на ул. Бул. Гоце Делчев бр.18, во зградата на Македонска Радио Телевизија на VI-кат.

Државното правобранителство на Република Македонија има добиено Сертификат за Систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 , под регистарски број Q 1084/0 од 12.12.2014 година.

Во Државното правобранителство на Република Македонија работат вкупно 111 лица, од кои 1 (еден) Државен правобранител на Република Македонија, Државни правобранители 32          ( триесет и два). 

Имајќи ја во предвид улогата на Државното правобранителство на Република Македонија, обемот и сеопфатноста на работата на државните правобранители, зголемената одговорност на истите како и фактот дека при донесување на Одлуката со која се определува бројот на Државните правобранители се тргнува од бројот, видот и карактерот на предметите, и имајќи го во предвид зголемениот број на предмети за повеќе од 4-5 патти од моментот на донесената одлука во 2008 година, како и надлежностите на судовите на чие подрачје државните правобранители ја вршат својата функција, имајќи ја во предвид усвоената Стратегија за спроведување на соодветна и правична застапеност на Владата на Република Македонија како и член 20 став 3 од Законот за државното правобранителство , во кој се утврдува дека при изборот на државни правобранители, Владата на Република Македонија ја има предвид соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Македонија, Државниот правобранител на Република Македонија во месец март 2016 година , до Владата на Република Македонија, поднесе Предлог за зголемување на бројот на Државни правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија, при што е предложено да биде зголемен бројот и тоа за за подрачје Скопје од 10 на 13 државни правобранители, за подрачје  Тетово да се зголеми од 2 на 3 државни правобранители, за подрачје Струга од 2 на 3 државни правобранители, за подрачје Кичево од 2 на 3 државни правобранители, за подрачје Штип од 1 на 2 државни правобранители и во подарчје Куманово од 2 на 3 државни правобранители. При изготвување на предлогот за зголемување на бројот на државни правобранители беше земен во предвид и аспектот на структурата на именуваните државни правобранители кои се со траен мандат по сите подрачја, при тоа имајќи ја во предвид потребата да се примени соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, а имајќи во предвид дека освен Државниот правобранител на Република Македонија кој е Албанец, од 32 именувани државни правобранители со траен мандат по сите подрачја 31 се македонци, а само 1 е албанец. Во интерес на правилна примена на Уставот, законите и подзаконските акти, во интерес на ефикасна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, вклучувајќи ги оние поврзани со Стратегијата за соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија беше поднесен горенаведениот предлог, при што Владата на Република Македонија го одложи разгледувањето на истиот.

 

Во Државното правобранителство на Република Македонија работат Државни службеници вкупно 74 (седумдесет и четири) од кои Раководни државни службеници 4 (четири) :Државен советник 1 (еден) и Раководители на одделенија 3 (три), од стручно административен кадар 34 (триесет и четири ) од кои советници 17, соработник 1, помлад соработник 18, административен кадар 37 (триесет и седум) од кои самостоен референт 2, виши референти 18, референти 11, помлад референт 3 и вработени кои немаат статус на државен службеник 4 (четири). Од вкупно 111 вработени со Висока стручна спрема се 73(седумдесетитри), со Виша стручна спрема 1 (еден) со средна стручна спрема се 34 (триесет и четири) и со Основно образование 4 (четири). Од вкупен број на функционери 33: мажи се 14 (четиринаесет), жени 19 (деветнаесет), од кои македонци се 31 и албанци 2 или процентуално 94,0% македонци и 6,0% албанци. Од вкупен број на државните службеници 74:мажи се 15 (петнаесет), жени 59 (педесет и девет), а од вкупен број на вработени кои немаат статус на државен службеник 4: мажи се 2 (два) а жени 2 (две). Од вкупен број на вработени 111: мажи се 31 (триесетиеден), жени 80 (осумдесет). Од вкупно 111 вработени македонци се 84 (осумдесетичетири), албанци 22 (дваесетидва), срби 2 (два), турци 1 (еден), и бошњаци 2 (два), или процентуално 75.6% македонци, 19.8% албанци, 0.9% турци, 1.8% срби и 1.8% бошњаци. 

Со Одлука бр.42-11173/2-14 од 8 јануари 2015 година на Владата на Република Македонија објавена во Службен весник на Република Македонија бр.4 од 12 јануари 2015 година на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административен простор кој се наоѓа на Булевар „Гоце Делчев„ бр.18-Скопје, КП бр.12231, КО Центар 1, со површина од 700 м2, запишан во Имотен лист бр.98456, сопственост на Република Македонија ( во зградата на Македонската радио-телевизија). Со Одлука бр. 19-5453/1 од 2 декември 2008 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административно-деловен простор во Прилеп во површина од 117,20 м2, а со Одлука бр. 23-3275/1 од 7 јули 2003 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија е пренесено правото на користење на дел од приземје во површина од 570,79 м2 во Битола. Останатите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија смесетени се и користат простории во судовите, освен подрачје Кавадарци кое користи простории во локалната самоуправа во Општина Кавадарци. 

Државното правобранителство на Република Македонија  располага со веб страна: www.dprm.gov.mk, и е-маил адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Државното правобранителство на Република Македонија со своите подрачја се приклучени на Интернет и сите имаат свои е-маил адреси и сандачиња за прием на пошта.

 

II. ВНАТРЕШНИ АКТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Правилник за внатрешна организација ДП бр.02-864/15 од 17.12.2015 година и Правилник за систематизација на работните места ДП бр.02-863/15 од 17.12.2015 година.Согласно внатрешните акти формирани се 3 сектори и тоа Сектор за управување со човечки ресурси со 2 одделенија:Одделение за организациски развој и обука и Одделение за матична евиденција, Сектор за правни, општи и заеднички работи со 2 одделенија: Одделение за правни работи и застапување и Одделение за општи и заеднички работи и Сектор за финансиски прашања со 2 одделенија: Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки и Одделение за сметководство и плаќања.Како независно одделение е формирано Одделение за внатрешна ревизија.

  Донесен е Годишен распоред за работа на Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година ДП бр.02-855/15 од 16.12.2015 година и Измени и дополнувања ДП бр.02-855/15-4 од 18.10.2016 година.

Согласно член 32 од Законот за Административни службеници (Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 48/15,1 54/15, 5/16) и членовите 20а и 20б од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16), член 15 од Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор (Сл.весник на РМ 63/16), на 06.05.2016 година Државниот  правобранител на Република Македонија  донесе Годишен план за  вработување за 2016 година ДПбр.04-293/16 од 06.05.2016.

Годишниот план за  вработување за 2016 година ДПбр.04-293/16 од 06.05.2016. е доставен   на 06.05.2016 година до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор за добивање мислење и согласност .Од  Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор  при Владата на Република Македонија добиена е согласност  и позитивно мислење под бр.0702-568/1 од 13.05.2016 година.

.   Годишниот план за вработување за 2016 година во Државното правобранителство на Република Македонија број ДПбр.04-293/16 на РМ  е доставен на мислење и давање согласнот до Министерство за информатичко општество и администрација на 20.05.2016 година.Позитивно мислење и согласност на Годишниот план за вработување за 2016 година од Министерство за информатичко општество и администрација е доставено до Државно правобранителство на Република Македонија под нивен архивски број 12/6-2257/2 од 13.06.2016 година.

Врз основа на одобрениот план за вработување за 2016 година побарана е согласност за вработување  на административни службеници до Министерството за финанси врз основа на  член 15 од Методологијата за планирање на вработување во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ 63/16 ), меѓутоа иста не е добиена со образложение дека не постои можност за реализација на бараното вработување, согласно Извадок од Нацрт-записник од шеесет и трета седница на Владата на Република Македонија,одржана на 21.04.2009 година, за времена забрана за нови вработувања во државната администрација вклучувајќи ги и трајно упразнетите места,  со оглед дека барањето  согласност е поднесено согласно Одобрениот план за вработување  за 5 упразнети места поради напуштање на работно место и заминување во инвалидска односно редовна пензија на 6  ()шест) вработени во текот на 2016 година.

На 31.01.2017 година до Министерство за информатичко општество и администрација доставен е извештај ДП.бр.04-37/16 од 30.01.2017 година  за реализација на Годишниот план за вработување  за 2016 година во ДП на РМ согласно член 33 од Законот за административни службеници , член 20б од Законот за вработените од јавниот сектор и член 9 од Методологијата за планирање на вработување во јавниот сектор. Реализацијата на планот е 0 (нула), поради горе наведеното мислење од Министерство за финасии на РМ.

Ова нешто предизвикува голем проблем во тековното работење на Државното правобранителство на Република Македонија , од причина што Државното правобранителство на Република Македонија  кадровски се намалува а приливот на предмети се зголемува . Ова уште повеќе претставува проблем затоа што работата на Државното правобранителство на Република Македонија е врзано со рокови, па претставува ланец на проблеми од самиот прием на предметите, нивно заведување, распоредување по државни правобранители и понатамошно постапување по истите, а кое е поврзано со судски рочишта или превземање дејствија пред други органи согласно надлежностите на Државното правобранителство утврдени во посебни закони . Од тие причини сметаме дека е неопходно да биде разгледана можноста Државното правобранителство на Република Македонија кадровски да се зајакне како во поглед на државни службеници така и во поглед на зголемување на бројот на државни правобранители.

 Државното правобранителство на Република Македонија ги почитува принципите на правична застапеност . Во текот на 2016 година  врз основа на член 44 од Законот за вработени во јавниот сектор и член 30 од Законот за административни службеници Државното правобранителство на Република Македонија има  склучено се 5 (пет) спогодби за вработување без јавен оглас преку трајно превземање со Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при Влада на Република Македонија со претходна соглсност со вработените.  Владата на Република Македонија-Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор со  допис го извести Државното правобранителство на Република Македонија  за потребата од превземање на  административни службеници  и тоа во подрачјата Прилеп- еден извршител помлад соработник за правни работи , во подрачјето Велес - еден извршител помлад соработник, во подрачјето Тетово - еден извршител помлад соработник, во подрачјето Кичево - еден извршител помлад соработник  и во подрачјето Охрид –еден извршител помлад соработник.Сите 5 (пет) административни службеници засноваа работен однос од 15 март 2016 година . Државното правобранителство на Република Македонија истакнува дека и понатаму ќе ги почитува принципите на правична застапеност согласно Уставните определби за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а со тоа ќе се стреми и кон имплементирање на усвоената Стратегија на Владата на Република Македонија, за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Стратешки план за 2017-2019 година ДП бр.02-502/16 од 14.06.2016 година и Стратешки план за 2017-2019 година  -пречистен текст ДП бр.02-502/16-1 од 16.01.2017 година

   Стратешки план на Државното правобранителство на Република Македонија е стратешки документ преку кој се дефинираат активностстите за остварување на својата конкретна и единствена цел. Стратешкиот план за период од 2017 година- 2019 година, претставува контиунирано продолжување на стратешките цели и приоритети на Државното правобранителство на Република Македонија, програмите, активностите, потребните ресурси и финансиски средства за нивна реализација, како и очекуваните резултати. Како законски застапник на државата Државното правобранителство на Република Македонија своите стратешки цели ги утврдува преку стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во својот домен на дејствување.

Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија произлегуваат од Одлуката за утврдување на Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2017 година: Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО; бескомпрописна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото(Сл весник на РМ бр.115/16).

Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија се:

1. Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон

Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

-Превземање на правни мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија

 

2. Воспитување на автоматизиран комјутерски систем за управување, сигурност и заштита во заведувањето и распоредувањето на предметите кои се водат во Државното правобранителство на Република Македонија и обезбедување на дигитални сертификати со токен за сите државни правобранители.

Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

-Увид во водење на предметите и во заведувањето и распоредувањето на предметите кои се водат во Државното правобранителство на Република Македонија.

3. Ресертификација на ИСО стандарди 9001

Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

- Воедначено постапување и воведување на поголема одговорност на службените лица и функционерите

 

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија.

Во Државното правобранителство на Република Македонија примени се вкупно 8 (осум) барања за пристап до информации, од кои во подрачје Скопје 5 (пет), во подрачје Кочани 2 (две) и во подрачје Битола 1 (едно). На 7 (седум) барања е позитивно одговорено, а на 1 (едно) е побарано дополнување и појаснување на барањето, но од страна на барателот не е постапено во оставениот рок, поради што е донесен Заклучок со кој се констатира повлекување на барањето, за кој заклучок е известен и подносителот на барањето.

Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно единаесет (11) предмети. По писмен пат се доставени единаесет (11) предмети, поднесени се од физички лица седум (7) предмети, од правни лица четири (4) предмети.

  Во насока на спроведување на Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, се одржуваат работни  средби и состаноци со претставници на државните органи за надминување на одредени проблеми кои се појавуваат во тековното работење на секој орган, а кое е непосредно во врска со постапувањето на Државното правобранителство на Република Македонија во остварување на основната надлежност,а тоа е превземање на мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија

  Соработката на Државното правобранителство на Република Македонија и државните органи е на завидно ниво и сметаме дека во оваа насока истата и ќе продолжи. Државното правобранителство на Република Македонија смета дека соработката помеѓу органите на државната управа е многу значаен и претставува еден вид успешен начин на надминување и разрешување на правни прашања кои се појавувааат во основната функција на Државното правобранителство, заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

Државното правобранителсто на Република Македонија како државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Репубика Македонија ќе продолжи со законито, стручно, ефикасно и економично извршување на државно-правобранителската функција како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и координирано да постапува во работењето и постапувањето односно остварувањето на државно-првобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

Позитивната соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжи и уште повеќе да се надградува се во интерес на целосната заштита на имотните права и интерси на Република Македонија.

 

III. АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСТВАРУВАЊЕ   НА ДРЖАВНОПРАВОБРАНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА

 

Активностите и работата на  Државното правобранителство на Република Македонија во текот на 2016 година, произлегуваат од овластувањата, правата и обрвските што Државното правобранителство на Република Македонија ги има согласно Законот за државното правобранителство, системските закони и другите законски и подзаконски прописи.

Државното правобранителство, во својата работа применува закони, законски прописи и подзаконски акти кои уредуваат правна материја од повеќе области на правото, како што се: Законот за облигациони односи, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за денационализација, Законот за градежно земјиште со подзаконските акти, прописите поврзани со трансформација на општествениот капитал и продажбата на државниот капитал; Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за општа управна постапка, Закон за експропријација, Законот за стечај, Законот за нотаријат, Закон за кривична постапка во делот на оштетните побарувања и други правни прописи.

Покрај надлежностите и овластувањата што ги има со законите и другите подзаконски акти, Државното правобранителство на Република Македонија постапува редовно и согласно Заклучоците од Владата на Република Македонија.Државните правобранители секогаш активно учествуваат на седниците на Комисиите на Владата на Република Македонија,како и на седници на Владата на Република Македонија. 

Во текот на 2016 година, во работата на Државното правобранителство на Република Македонија најголемо место завземаат предметите поврзани со постапката за давање Правни Мислење, управните предмети и парнични предмети.

 Државното правобранителство на Република Македонија учествува во постапките за отуѓување на градежното изградено и неизградено земјиште со давање на соодветно мислење,неговата приватизација согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост,како и за отуѓување на други недвижности сопственост на државата.

            Активното учество на Државниот правобранител во постапката за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата, се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат.  

Улогата на Државниот правобранител во постапките за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија,како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата е многу битна, а надлежноста се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат,во кој е утврдено дека нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител на РМ, ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, односно размена на недвижности, а како една од договорните страни се јавува Република Македонија,а другата е физичко или правно лице. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител, и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислење, а најдоцна за 30 дена. Во оваа постапка, во зависност од конкретниот случај, Државното правобранителство на Република Македонија дава позитивно или негативното мислење.

Улогата на Државниот правобранител во постапката за приватизација на градежното земјиште сопственост на Република Македонија исто така е многу битна, а согласно новите законски одредби, по донесените решенија за приватизација заедно со сите списи , може да вложува редовни и вонредни правни лекови.

           Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови и други органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стучни Правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.  

 

V.СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ

 

Државниот правобранител на Република Македонија,согласно одредбите од Законот за Државно правобранителство, во врска со прашања од значење за остварувањето на неговата функција и по прашања од заеднички интерес, соработува со органите на државната власт, судовите и со физички и правни лица.

Начелно, соработката помеѓу Државното правобрнителство на Република Македонија со судовите, Јавното обвинителство, министерствта и други органи и организации е задоволителна, иако во определени случаи се појавуваат одредени потешкотии, кои најчесто се резултат на релативно краткиот рок за постапување и превземање на определени правни дејствија.

Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови, другите органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стручни правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.

 Во текот на 2016 година, Државниот правобранител на Република Македонија имаше бројни средби и соработка со многу државни институции.На ден 25.01.2016 година беше одржана работна средба со Управен суд и Виш Управен суд. .Во текот на февруари месец беа одржани повеќе состаноци и тоа со Царинска Управа, Министерството за финансии , Министерство за финансии-Управа за имотно правни работи. Во текот на април месец беа одржани средби со Бирото за судски вештачења, а во мај месец со Централен регистар, Министерство за финансии-Управа за имотно правни работи, Министерство за транспорт и врски, Државна комисија за одлучување во втор степен во управни постапки и постапки од работен однос во втор степен. Во јуни месец беше одржан состанок со Агенција за катастар на недвижности, Министерство за транспорт и врски, Министерство за финансии-Управа за имотно правни работи, Министерство за правда,  Државна комисија за одлучување во втор степен во управни постапки и постапки од работен однос во втор степен, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во текот на јули месец со Управа за имотно правни работи - Кисела Вода, Општина Илинден, Агенција за катастар на недвижности, Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерство за образование,. Во септември месец се одржа состанок со Министерство за одбрана, Министерство за транспорт и врски и Општина Карпош, , а во октомври месец со Министерство за транспорт и врски, Министерство за надворешни работи, и во декември месец со Министерство за финансии-Управа за јавни приходи.

 

Државниот правобранител на Република Македонија во текот на 2016 година  изврши редовни посети на сите 14 подрачја каде се обавува државно правобранителската функција, а беше одржан и Стручен колегиум на сите државни правобранители.

 

 VI. ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО ЗА 2016 ГОДИНА

 

Државното правобранителство на Република Македонија, во периодот од 01.01.2016 год. по заклучно со 31.12.2016 год., постапувало по сите видови предмети кои спаѓаат во негова надлежност.

  Во текот на 2016 година, Државното правобранителство на Република Македонија   имало во работа и постапувало во вкупно 206368 предмети, и тоа од сите области на правото каде е потребно преземање мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Согласно Сумарниот Преглед за движење на предметите за 2016 година за подрачјето на Скопје каде што е и седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија вкупно предмети во работа имало 47.709 .

 

Како составен дел на овој Извештај се и Сумарниот преглед за движење на предметите за 2016 година за сите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија и Сумарниот преглед за движење на предметите за 2016 година за подрачје Скопје. 

 

1. Парнични предмети

 

Парничните предмети имаат посебна важност и се сметаат како посложени предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство на Република Македонија.

Во 2016 година вкупно предмети во работа биле 11493.

Споровите кои се водат во парничните постапки каде Државното правобранителство на Република Македонија се јавува како законски застапник на Република Македонија и нејзините органи, се по најразлични основи, од кои како   најчести и позначјани може да се споменат следниве:

- спорови за утврдување на право на сопственост на недвижен имот

-спорови за надомест на материјална и нематеријална штета, и тоа по основ на неоправдано осудени или неосновано лишени од слобода лица; заради противправно одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка; како и надомест на штета по други основи;

- Спорови во врска со поништувањето на договори кои ги склучила Република Македонија, особено: договори склучени во постапките за отуѓување или давање под закуп на државен имот (градежно земјиште, земјоделско земјиште); договори склучени во постапките за јавна набавка и други договори каде како договорна странка се јавува Република Македонија или некој нејзин орган, доколку постојат законски основи за нивно поништување;

            - Спорови во врска со наплата на долгови по најразлични основи, било во случај Република Македонија или нејзин орган да се јавува во својство на доверител или должник;

- Работни спорови во кои најчесто државните органи се тужени заради спроведена постапка и донесени одлуки по дисциплински постапки, неисплатени степен на кариера, и утврдување дека државните службеници се стекнале со степен на кариера,  поради недонесување решение за стекнување со степен на кариера, исплата на јубилејна награда и др.

           -Спорови за утврдување оспорено право во стечајна постапка

Од прибавените податоци во 2016 година биле поднесени редовни правни лекови-  жалби 757 пред Апелационите судови во Република Македонија и вонредни правни лекови- ревизии 29 пред Врховниот суд на Република Македонија.

 

2. Управни предмети и Управни спорови 

 

Во текот на 2016 година управни предмети во работа биле 13876, а управни спорови 7478.

Работењето по управните предмети се однесуваат на покренувањето и водењето на управни постапки заради реализација на урбанистичкиот план кое се однесува  за одземање од владение градежно неизградено земјиште, експропријација на недвижности и одземање или ограничување на правото на користење на недвижности во државна сопственост. Во овие предмети влегуваат и доставувањата на потврди од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, кои се однесуваат за промена на содржината на недвижностите во имотните листови, на име на физички или правни лица, или на име на Република Македонија.

Во текот на 2016 година управни предмети биле 13876 а управни спорови во работа биле 7478, при што од прибавените податоци, жалби биле поднесени 52, тужби за управен спор покренати од страна на Државното правобранителство на Република Македонија биле 51, а биле поднесени 28 жалби пред Вишиот Управен суд.

Управните спорови произлегуваат од постапки за денационализација и најголем дел по прекршочни постапки согласно член 42-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови односно пороизлегува обврска на Државното правобранителство да учествува во управна постапка, која постапка произлегува од работата на Прекршочни комисии, во кои постапки Државното правобранителство воопшто не учествува. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови чл.42-а е утврдено дека против одлука на Управниот суд, органот чиј акт бил предмет на управниот спор може да поднесе жалба преку  Државниот правобранител на Република Македонија.

 

3. Правни мислења

 

Посебен вид предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство преставуваат давањето правни мислења кои согласно законските овластувања ги дава Државниот правобранител на Република Македонија.

  Во текот на 2016 година од областа на правни мислења во работа вкупно биле 33845 предмети  (споредбено со 2015 година кога биле 31136), од кои само примени предмети во работа во текот на годината биле 15982, а со оглед на високиот број на завршени предмети 13670,  може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност.

Согласно член 46 од Законот за нотаријат, улогата на Државниот правобранител во давање на мислења е од големо значење. Имено ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, физичка делба на недвижност, односно размена на недвижности, како една од договорните страни се јавува Република Македонија, нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислењето,  а најдоцна за 30 дена. Ако Државниот правобранител не даде мислење во определениот рок, нотарот ќе го изврши потврдувањето на исправата како да е дадено мислење. Исправите потврдени спротивно на одредбите на овој член немаат сила на јавна исправа и се сметаат за апсолутно ништовни.

Државното правобранителство успешно го совладува приливот на нови предмети од овој вид. Решавањето на овој вид предмети, односно времетраењето на постапката за давање на правни мислења, најмногу зависи од работењето на самото Државно правобранителство, па може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност,кога неговата работа не зависи од преземање на дејствија и постапување од страна на други субјекти.

 

4. Извршни предмети

 

 Во текот на 2016 година извршни предмети вкупно во работа биле 7060.

Ова се предмети кои се водат пред надлежни извршители. По извршните предмети од прибавените податоци биле поднесени 22 приговори и 20 жалби.

 

5. Стечајни предмети

 

Во текот на 2016 година стечајни предмети вкупно во работа биле 4669.

Државното правобранителство како законски застапник на Република Македонија во стечајните постапки учестува како доверител во случаевите кога по известие добиено од Управата за јавни приходи,  Државното правобранителство  поднесува барање за отворање на стечајна постапка, односно во отворена стечајна постапка поднесува стечајни побарувања кои ги има Република Македонија спрема стечајниот должник. Во стечајната постапка пред судовите, Државното правобранителство зема активно учество штитејќи ги имотните права и интереси на Република Македонија кога таа или нејзин орган се јавува како доверител во стечајна маса. Во случаите кога се работи за поголемо побарување што Република Македонија го има пријавено во стечајната маса, тогаш Државното правобранителство учествува во работата на Одборот на доверители.

Државното правобранителство во стечајните постапки поднесува тужби пред надлежните судови, во случаите кога од страна на стечајниот суд е упатен на судски спор. Овие постапки се водат пред надлежните граѓански судови, во кои Државното правобранителство превзема правни дејствија за докажување на побарувањето на органот кого го застапува.Во текот на 2016 година од прибавените податоци биле поднесени 1 приговор и 16 жалби.

Државниот правобранител на Република Македонија инсистира во рамките на стечајните постапки секогаш пред гласањето во Одборот на доверители или пред Собранието на доверители, Државно правобранителство на Република Македонија  да има добиен точен и изграден став од органот кој го застапува во кој правец ќе се одвива гласањето во рамките на органите на стечајната постапка.

 

 6. Предмети од превентивниот метод на работа

Во постапувањето по овие предмети , Државното правобранителство  врши претходно испитување и анализирање на пристигнатите поднесоци, дописи, претставки, извештаи и сл. и доколку увиди дека се повредени имотните права и интереси на Република Македонија, тогаш заради заштита на истите , поведува соодветна постапка пред надлежен орган, или превзема други дејствија за кои е овластено да ги превзема. Еден од превентивните методи на работа се и Опомените до физичките и правните лица за доброволно плаќање на долговите кон Република Македонија.

Во текот на 2016 година превентивни предмети вкупно во работа биле 4170. 

 

7. Вонпарнични предмети

 

Вонпарнични предмети се предмети кои се однесуваат за определување на надомест за градежно земјиште одземено од владение, експропирани недвижности,како и предмети по физичка делба на ствари сопственост на Република Македонија.

Во текот на 2016 година вонпарнични предмети вкупно во работа биле 2185, а од прибавените податоци биле поднесени 32 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија. 

 

8. Атхезиони предмети

 

Во атхезионите предмети Државното правобранителство застапувајќи ја Република Македонија и нејзините органи, поднесува имотно правни побарувања насочени спрема обвинетите во кривичната постапка. Ова учество е веќе по започнатите истражни и кривични постапки од страна на Јавното обвинителство кои постапки се однесуваат на предметите поврзани со злоупотреба на службена положба и овластувања,  коруптивни дејанија и друго.

Во текот на 2016 година атхезиони предмети вкупно во работа биле 946.

 

9. Платни налози

 

Од страна на нотарите до Државното правобранителство  се доставуваат платни налози  по кои во најголем дел се поднесуваат приговори , кои потоа поради спорност продолжуваат во постапка пред надлежните првостепени граѓански судови.

Во текот на 2016 година предмети по платни налози вкупно во работа биле 1019, а согласно прибавените податоци биле вложени 27 приговори.

 

10. Организационите предмети

 

Во овој вид предмети спаѓаат предметите, по кои постапува Државниот правобранител на Република Македонија во неговата соработка со другите органи , установи, институции, со размена на податоци и информации, со давање правни мислења, правна помош и совети, на органите кои не се застапувани од Државното правобранителство на Република Македонија, а се корисници на средства од Буџетот на Република Македонија (училишта, национални установи, дирекции, агенции и сл.), како и премети поведени по повод разни поднесоци, барања, предлози и сл. поднесени непосредно до Државниот  правобранител на Република Македонија, од страна на правни и физички лица.

        Тука спаѓаат и предметите преку кои Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители кореспондираат и соработуваат, во врска со организациони прашања во рамките на Државното правобранителство, како и други предмети кои се однесуваат за размена на податоци и информации.

Во текот на 2016 година организациони предмети вкупно во работа биле 3488, од кои примени 1926, а завршени 1659.

 

11. Разно

 

Посебни предмети кои се наоѓаат во работа при Државното правобранителство се предмети кои се однесуваат за постапувањето на Државното правобранителство по повод на најразлични поднесоци, барања, известувања, предлози и слично доставени од страна на државните органи, правните и физичките лица.

Во текот на 2016 година предмети разно вкупно во работа биле 1970.

 

12. Денационализација

 

Во текот на 2016 година предмети за денационализација вкупно во работа биле 6773, од кои 215 биле примени во работа, а 315 се завршени предмети.

Државното правобранителство на Република Македонија преку државните правобранители, превзема соодветни мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Во сите случаи кога се констатираат повреди на имотните права и интереси на Републиката во процесот на денационализција, се поднесуваат тужби до Управниот суд, односно жалби до Вишиот управен суд. Од страна на Државниот правобранител на Република Македонија во рамките на надлежностите се прават напори да се испочитува ставот на Владата на РМ овој процес да заврши што е можно поскоро.

 

 

13. Постапување по претставки и предлози

 

Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно единаесет (11) предмети. По писмен пат се доставени единаесет (11) предмети, поднесени се од физички лица седум (7) предмети, од правни лица четири (4) предмети.

 

14.Слободен пристап до информации од јавен карактер

 

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија

Во Државното правобранителство на Република Македонија примени се вкупно 8 (осум) барања за пристап до информации, од кои во подрачје Скопје 5 (пет), во подрачје Кочани 2 (две) и во подрачје Битола 1 (едно). На 7 (седум) барања е позитивно одговорено, а на 1 (едно) е побарано дополнување и појаснување на барањето, но од страна на барателот не е постапено во оставениот рок, поради што е донесен Заклучок со кој се констатира повлекување на барањето, за кој заклучок е известен и подносителот на барањето.

 

15.Редовни и вонредни правни средства

 

Од прибавените податоци во 2016 година биле поднесени редовни правни лекови-  жалби 757 пред Апелационите судови во Република Македонија и вонредни правни лекови- ревизии 29 пред Врховниот суд на Република Македонија.

Во текот на 2016 година управни спорови во работа биле 5939, при што од прибавените податоци тужби за управен спор покренати од страна на Државното правобранителство на Република Македонија биле 51, а жалби 28.

Во текот на 2016 година извршни предмети вкупно во работа биле 6849, во кои од прибавените податоци се поднесени 22 приговори од страна на Државното правобранителство на Република Македонија и 20жалби.

Во текот на 2016 година вонпарнични предмети би вкупно во работа биле 1972, во кои од прибавените податоци се поднесени 32 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија.

 

16 .СТРУЧНИ КОЛЕГИУМИ 

 

Државниoт правобранител на Република Македонија по потреба одржува Стручен Колегиум , на кој се разгледуваат стручни предмети од надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија. Исто така Државниот правобранител на Република Македонија, организира заеднички средби и со сите Државни правобранители  од подрачјата на Државното правобранителство на Република Македонија.

На ваквите Стручни колегиуми се донесуваат заклучоци, со што се постигнува унифицирано постапување на сите Државни правобранители и со што се зголемува и ефикасноста и ажурноста во работењето.

 

VII.ГОДИШЕН ФИНАНСКИСКИ ПЛАН ЗА 2016 ГОДИНА

 

Согласно Годишниот финансиски план за 2016 година на Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметката број 040060058263710  од планираниот износ од 126.231.791,00 денари, реализирани се 82.398.833,00 денари.

 

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

45.336.855,00

401

Основни плати

16.786.936,00

402

Придонеси за социјално осигурување

      50.000,00

420

Патни и дневни раходи

 4.579.644,00

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

    634.834,00

423

Материјали и ситен инвентар

 139.210,00

424

Поправки и тековно одржување

274.580,00

425

Договорни услуги

1.355.703,00

426

Други тековни расходи

13.082.418,00

464

Разни трансфери

0,00

46531

Главен долг по судски порамнувања

128.917,00

480

Купување на опрема и машини

29.736,00

483

Купување на мебел

 

 

Годишниот финансиски план за 2016 година за Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметка 040060058263118  од планираниот износ од  2.061.000,00 денари, реализирани се 770.731,00 денари.

 

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

70.041,00

420

Патни и дневни расходи

11.778,00

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

100.912,00

423

Материјали и ситен инвентар

126.187,00

424

Поправка и тековно одржување

148.554,00

425

Договорни услуги

2.500,00

426

Други тековни расходи

270.162,00

464

Разни трансфери

40.597,00

465

Исплата по извршни исправи

0,00

480

Купување на опрема и машини

 

 

VIII.ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕДМЕТСКОТО РАБОТЕЊЕ ВО 2016 ГОДИНА

 

Државното правобранителство на Република Македонија, во своето работење успешно пред надлежните судови ги застапуваше интересите на Република Македонија и нејзините органи. Во оваа насока претставуваме само дел од успешно завршените предмети

1. Со Пресуда 4 ТС-2721/07 од 12.06.2013 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје тужбеното барање на тужителот Поштенска Банка АД Скопје да се задолжат тужените Република Македонија-Министерство за труд и социјална политика и Република Македонија-Министерство за финансии солидарно да му исплатат на тужителот износ од 75.872.721,50 денари на име провизија за исплатени детски додаток, боречки пензии и социјална помош во периодот 2004,2005 и 2006 година со камата на поединечни износи по фактури, е одбиено како неосновано, и задолжен е тужителот да им ги надомести на тужените процесните трошоци во износ од 108.238,00 денари.Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ.бр.2440/13 од 15.05.20145 година на Апелациониот суд Скопје со која жалбата на тужителот е одбиена како неоснована.Тужителот има вложена ревизија која со Пресуда Рев1.350/2014 од 17.03.2016 година на Врховниот суд на Република Македонија е одбиена како неоснована.

2. Со Пресуда 10ПЛ1-2160/12 од 28.01.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје приговорот на тужениот Општина Сопиште е одбиен како неосновн поднесен против решението со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа УПДР.бр.11/12 од 10.05.2012 година на нотар Љубица Кочегарска и со кое тужениот е задолжен на тужителот Република Македонија -Министерство за внатрешни работи, да му плати главен долг  износ од 38.634.495,00 денари со законска затезна камата останува во сила, и се задолжува тужениот да му плати на тужителот на име трошоци на постапката ознос од 47.000,00 денари,  .Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ - 1417/14 од 15.12.2014 година на Апелациониот суд Скопје и со Пресуда Рев1.бр.206/2015 од 08.11.2016 година на Врховниот сусд на Република Македонија..

3. Со Пресуда 3ТС бр.499/13 од 17.06.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје делумно е усвоено тужбеното барање на тужителот РМ-Министерство за финансии против тужениот Миттал Стеел (ЦРМ) АД Скопје и задолжен е тужениот да плати главен долг во износ од 2.343.512,00 денари со законска затезна камата и трошоци на постапката во износ од 72.660,00 денари.. Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ-2584/14 од 06.05.2016 година на Апелациониот суд Скопје.Тужениот доброволно го исплатил долгот  во целост и исплатил камата во износ од 4.282.661,00 денари и  2.195.232,00 денари.

4. Со Пресуда 13ТС бр 623/10 од 19.12.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје  по тужба на тужител ДПТПУ Агротрансорт ДООЕЛ Струмица против тужен Република Македонија -Министерство за финансии на име стекнување без основ износ од 1.761.923,00 денари со законска затезна камата, тужбеното барање  е одбиено како неосновано..Истата е потврдена и со Пресуда ТСЖ -607/15 од 06.05.2016 година на Апелациониот суд Скопје

5. Со Пресуда ТС-224/10 од 14.10.2013 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје, тужбеното барање на тужителот АД Лотарија на Македонија против тужените Република Македонија-Влада на РМ и Република Македонија -Министерство за финансии за долг на име надомест на штета во вредност од 1.098.359.972,50 денари е одбиено како неосновано а истиот е задолжен со трошоци на постапката во износ од 100.620,00 денари да им ги плати на тужените. Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ-572/14 од 20.11.2014 година на Апелациониот суд Скопје. По поднесена ревизија од тужителот донесена е Пресуда Рев1 бр.77/2015 од 06.04.2016 година со која ревизијата е одбиена како неоснована, а тужителот е задолжен со дополнителни трошоци од 5.850,00 денари да им ги плати на тужените.

6. Со Пресуда ТС-744/08 од 02.12.2014 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје, тужбеното барање на тужителот Македонијаинвест ДОО Скопје против тужениот Република Македонија-Министерство за транспорт и врски за долг во вредност на спорот 10.213.026,00 денари  е одбиено како неосновано, а истиот е задолжен на тужениот да му исплати трошоци на постапката во износ од 127.140,00 денари. Оваа пресуда е потврдена со Пресуда ТСЖ бр.1429/15 од 15.04.2016 година на Апелациониот суд Скопје Вложена е жалба од страна на тужителот на која од страна на Државното правобранителство на Република Македонија е даден одговор на ревизија. Одлука од страна на Врховниот суд не е донесена.

7. Со Пресуда ТС-595/12 од 24.12.2014 година Основниот суд Скопје 2 Скопје, тужбеното барање на тужителот Република Македонија-Министерство за финансии против тужен Винарска визба Повардарие АД Неготино, за долг, во вредност на спорот 118.179.960,00 денари  делумно го усвоил, па го задолжил тужениот да му исплати на тужителот долг во износ од 100.708.863,00 денари, од кои главен долг  износ од 52.131.708,00 денари, редовна камата во износ од 20.166.968,00 денари и казнена камата во износ од 27.812.075,00 денари и надомест на трошоци во износ од 598.112,00 денари, а делот во кој тужителот побарува износ од 16.830.925,00 денари го одбил како неосновано. Со Пресуда ТСЖ бр.861/15 од 24.03.2016 година на Апелациониот суд Скопје првостепената пресуда во дел 1 е потврдена, а во одбиениот дел е преиначена и уважено е тужбеното барање на тужителот и за износ од 16.830.925,00 денари Исто така задолжен е тужениот на тужителот да му плати уште и износ од 113.570,00 денари на име трошоци на постапката. Вложена е ревизија  од страна на тужиениот на која од страна на Државното правобранителство на Република Македонија е даден одговор на ревизија. Одлука од страна на Врховниот суд не е донесена.

Сите овие предмети се само дел од успешното постапување на Државното правобранителство на Република Македонија без разлика дали се јавува како застапник по закон од страна на тужител или на страна на тужен.

 

IX.ЗАВРШЕН ДЕЛ

 

Законитото, стручното, ефикасното и економичното извршување на државно- правобранителската функција, како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и превземањето на сите мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и на нејзините органи, ќе продолжи и понатаму со координирано постапување во работењето  и постапувањето односно остварувањето на државно- правобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжат со позитивната соработка и уште повеќе истата да се надградува, се во интерес на целосната заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и нејзините органи.

 

ПРИЛОГ: 

- Сумарен преглед за движење на предметите за 2016 година за сите подрачја каде што се врши државно-правобранителската функција, 

- Сумарен преглед за движењето на предметите за 2016 година за подрачјето на Скопје