Печати

Годишен извештај 2014

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

ЗА РАБОТАТА НА

ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2014 ГОДИНА

 

 

 

Март 2015 година

 

I.ВОВЕД

 

Согласно член 34 од Законот за државното правобранителство (Сл.весник на РМ 87/07) Државниот правобранител за работата на Државното правобранителство најмалку еднаш годишно ја известува Владата на Република Македонија, во која насока е изработен овој Годишен извештај за работата на Државното правобранителство на Република Македонија за 2014 година.

Државното правобранителство на Република Македонија е основано со Законот за државно правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07), со кој се уредуваат организацијата и надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија, условите и постапката за именување и разрешување на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители, нивните овластувања, права и должности, средствата за работа, пристапот до информации, соработката со органите на државната управа и други прашања од значење за работата.

Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.

Приоритетна цел на органот е правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, пред судовите и други органи во земјата и странство. Ефикасноста во своето работење ја постигнува со тим составен од обучен кадар.

Децениите поминати во целта за правна заштита на државата од повеќе аспекти придонесе да Државното правобранителство на Република Македонија стане самостојна институција која претставува важен фактор при остварување и заштита на интересите на државата.

            Согласно Одлука бр.19-6641/1 од 2 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија утврдени се 15 седишта на државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши државно-правобранителската функција и тоа во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.

Со Одлука бр.19-6641/2 од 02 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија определен е бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија при што за подрачје Скопје се определени 10 (десет) државни правобранители, за подрачје Гостивар 3 (три) државни правобранители, за подрачјата Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга и Кичево по 2 (два) државни правобранители и за подрачјата Охрид, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Штип по 1 (еден) државен правобранител.

Со Правилник Дел бр. 08-1437/7 од 14 јули 2008 година на Министерот за правда, утврдена е формата и содржината на образецот, содржината, постапката и начинот на издавање, користење и одземање на службената легитимација на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители.

            Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители во Државното правобранителство.

            Со Решение бр. 23-8358/1 од 5 ноември 2013 година на Владата на Република Македонија за Државен правобранител на Република Македонија е именуван Насер Ајдари.

            Седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија е во Скопје, на ул. Бул. Гоце Делчев бр.18, во зградата на Македонска Радио Телевизија на VI-кат.

            Државното правобранителство на Република Македонија има добиено Сертификат за Систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 , под регистарски број Q 1084/0 од 12.12.2014 година.

            Во Државното правобранителство на Република Македонија работат вкупно 116 лица, од кои 1 (еден) Државен правобранител на Република Македонија, Државни правобранители 33 ( триесет и три). Државни службеници вкупно 71 (седумдесетиеден) од кои Раководни државни службеници 4 (четири) :Државен советник 1 (еден) и Раководители на одделенија 3 (три), од стручно административен кадар 31 (триесет и еден ) од кои советници 17, соработник 1, помлад соработник 13, административен кадар 38 (триесет и осум) од кои самостоен референт 2, виши референти 23, референти 12, помлад референт 3 и вработени кои немаат статус на државен службеник 6 (шест). Од вкупно 116 вработени со Висока стручна спрема се 38 (триесет и осум) и со Основно образование 6 (шест). Од вкупен број на функционери 34: мажи се 15 (петнаесет), жени 19 (деветнаесет), од кои македонци се 32 и албанци 2 или процентуално 94,2% македонци и 5,8% албанци. Од вкупен број на државните службеници 76:мажи се 12 (дванаесет), жени 63 (шеесет и три), а од вкупен број на вработени кои немаат статус на државен службеник 6: мажи се 2 (два) а жени 4 (четири). Од вкупен број на враотени 116: мажи се 29 (дваесет и девет), жени 87 (осумдесет и седум). Од вкупно 116 вработени македонци се 92 (деведесет и два), албанци 19 (деветнаесет), срби 2 (два), турци 1 (еден), и бошњаци 2 (два), или процентуално 79.3% македонци, 16.3% албанци, 0.8% турци, 1.7% срби и 1.7% бошњаци.

            До Владата на Република Македонија беше доставен Предлог на Државниот правобранител на Република Македонија за потреба од зголемување на бројот на државните правобранители ДП бр.02-293/14 од 03.10.2014 година, поради зголемениот обем на работа на Државното правобранителство на Република Македонија и имајќи ја во предвид структурата на именуваните државни правобранители, при тоа имајќи ја во предвид потребата  да се примени соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, и имајќи го во предвид фактот дека освен Државниот правобранител на Република Македонија кој е Албанец,  од 33 именувани Државни правобранители со траен мандат по сите подрачни единици 32 се Македонци, а само 1 е Албанец, Државниот правобранител на Република Македонија, сметаше дека е потребно да биде зголемен бројот на државните правобранители, меѓутоа овој предлог беше одложен од  разгледување.

            Со Одлука бр.42-11173/2-14 од 8 јануари 2015 година на Владата на Република Македонија објавена во Службен весник на Република Македонија бр.4 од 12 јануари 2015 година на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административен простор кој се наоѓа на Булевар „Гоце Делчев„ бр.18-Скопје, КП бр.12231, КО Центар 1, со површина од 700 м2, запишан во Имотен лист бр.98456, сопственост на Република Македонија ( во зградата на Македонската радио-телевизија). Со Одлука бр. 19-5453/1 од 2 декември 2008 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија му е доделено на користење административно-деловен простор во Прилеп во површина од 117,20 м2, а со Одлука бр. 23-3275/1 од 7 јули 2003 година на Владата на Република Македонија на Државното правобранителство на Република Македонија е пренесено правото на користење на дел од приземје во површина од 570,79 м2 во Битола. Останатите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија смесетени се и користат простории во судовите, освен подрачје Кавадарци кое користи простории во локалната самоуправа во Општина Кавадарци.

            Државното правобранителство на Република Македонија  располага со веб страна: www.dprm.gov.mk, и е-маил адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

            Државното правобранителство на Република Македонија со своите подрачја се приклучени на Интернет и сите имаат свои е-маил адреси и сандачиња за прием на пошта.

 

II. ВНАТРЕШНИ АКТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

            Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Правилник за внатрешна организација ДП бр.03-130/11-1 од 07.04.2011 година и Правилник за систематизација на работните места ДП бр.03-130/11 од 07.04.2011 година.Согласно внатрешните акти формирани се 3 сектори и тоа Сектор за управување со човечки ресурси со 2 одделенија:Одделение за организациски развој и обука и Одделение за матична евиденција, Сектор за правни, општи и заеднички работи со 3 одделенија: Одделение за правни работи и застапување, Одделение за извршување на одлуки и Одделение за општи и заеднички работи и Сектор за финансиски прашања со 2 одделенија: Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки и Одделение за сметководство и плаќања.Како независно одделение е формирано Одделение за внатрешна ревизија.

            Донесен е Годишен распоред за работа на Државното правобранителство на Република Македонија за 2014 година ДП бр.02-499/2013 од 09.01.2014 година.

            Државното правобранителство на Република Македонија ги почитува принципите на правична застапеност во која насока се изработи Годишен план за соодветна и правична застапеност на заедниците за 2014 година, за кој е дадена согласност од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор при Владата на Република Македонија.

Со допис на Владата на Република Македонија-Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор бр.0302-1495/1 од 24.09.2014 година, Државното правобранителство на Република Македонија е известено за потребата од превземање на државни службеници кои веќе биле вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Согласно член 9 од Законот за државни службеници кој беше во сила  Државното правобранителство на Република Македонија  поднесе барање согласност за превземање до Министерството за информатичко општество и администрација со допис бр.02-382/14-1 од 17.10.2014 година, со прилог докази потребни во постапката за превземање, и тоа табеларен приказ на државните службеници доставен од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор кои треба да се превземат, потпишани спогодби за превземање и вработување без јавен оглас и извадоци од Правилник за систематизација на работни места ДП бр.130/11 од 07.04.2011 година. Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација е добиена на 22.12.2014 година под број 15/1-3466/4 од 18.12.2014 година. Државното правобранителство на Република Македонија во оваа постапка за превземање исто така поднесе барање согласност за превземање-известување за обезбедени средства до Министерството за финансии со допис бр.02-382/14-1 од 17.10.2014 година, со прилог докази потребни во постапката за превземање. На 24.11.2014 година до Државното правобранителство на Република Македонија  е доставено Известување бр.02-35945/2 од 21.11.2014 година од Министерството за финансии- со кое се известува дека во Буџетот на Државното правобранителство на Република Македонија во тековната фискална година (2014) не се обезбедени финансиски средства.

На 25.11.2014 година од страна на Државното правобранителство на Република Македонија доставено е ново барање согласност за превземање-известување за обезбедени средства до Министерството за финансии со допис бр.02-382/14-3 во кој што како прилог беше доставена и копија од Согласноста за трансфер на средства бр.0402-1684/1 од 16.10.2014 година од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија доставено до Министерството за финансии со што се потврдува согласноста на Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор за трансфер на средствата за плати и надоместоци од плати за државните службеници за три (3) лица на работно место со звање помлад соработник да бидат префрлени од буџетска сметка на Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор на буџетска сметка на  Државното правобранителство на Република Македонија .

Меѓутоа повторно на 22.12.2014 година до Државното правобранителство на Република Македонија е доставено известување бр.02-35945/4 од 18.12.2014 година од Министерството за финансии-со кое известуваат дека во Буџетот на Државното правобранителство на Република Македонија за тековната фискална година (2014) не се обезбедени финансиски средства. Иако повторно се достави ургенција до Министерството за финансии, нема одговор по барањето, иако сите државни службеници кои се превземени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија секојдневно ги извршуваат работните задачи во Државното правобранителство на Република Македонија по подрачјата, а плата уште земаат од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија.

Исто така со допис на Владата на Република Македонија Генерален секретаријат бр.42- 9357/1 од 29.10.2014 година, до Државното правобранителство на Република Македонија доставен е Извадок од Нацрт-записникот од Дваесет и осмата седница на Владата на Република Македонија одржана на 16.10.2014 година и Извадок од Нацрт-записникот од Триесеттата седница на Владата на Република Македонија одржана на 29.10.2014 година со усвоените Информации за состојбата со вишок на вработен кадар во државните и јавните институции и можноста за нивно распоредување. Во прилог на Информацијата доставена е табела на институции кои што треба да остварат меѓусебен контакт и да остварат средби (интервјуа) со лицата за кои постои можност за превземање, како и обврската да ја спроведат постапката за превземање. Државното правобранителство на Република Македонија е известено за потребата да ги превземе државните службеници кои веќе се вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Постапувајќи по доставеното Известување од Владата на Република Македонија-Генерален Секретаријат остварен е контакт како со Владата на Република Македонија-Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор така и со наведените лица за кои постои можност за нивно превземање.

    По  извршените контакти склучена е спогодба за превземање на државен службеник без јавен оглас. Со допис бр.02-438/14-2 од 19.11.2014 година побаравме согласност за превземање од Министерството за финансии , кој со  допис бр.02-40379/2 од 04.12.2014 година не извести дека во Буџетот на Државното правобранителство на Република Македонија за тековната фискална година (2014) не се обезбедени финансиски средства. Со барање  бр.02-438/14-4 од 25.12.2014 година  по трет пат  побаравме согласност за превземање на државен службеник и во прилог повторно доставивме копија од Согласноста за трансфер на средства бр. 0402-1861/1 од  14.11.2014 година од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија со што се потврдува согласноста на Секретаријатот за спроведување на рамковен договор за трансфер на средствата за плати и надоместоци од плати за државен службеник- едно (1) лице на работно место со звање помлад соработник да бидат префрлени од буџетска сметка на Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор на буџетска сметка на Државното правобранителство на Република Македонија. Иако повторно се достави ургенција до денес нема одговор по барањето, иако државниот службеник кој е превземен од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија секојдневно ги извршува работните задачи во Државното правобранителство на  Република Македонија за подрачје  Кичево , а плата уште зема од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на Владата на Република Македонија.

 

            Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Стратешки план за 2015-2017 година ДПбр.02-197/14-1 од 23.06.2014 год.

.

            Стратешки план на Државното правобранителство е стратешки документ преку кој се дефинираат активностстите за остварување на својата конкретна и единствена цел. Стратешкиот план за период од 2015 година- 2017 година, претставува контиунирано продолжување на стратешките цели и приоритети на Државното правобранителство на Република Македонија, програмите, активностите, потребните ресурси и финансиски средства за нивна реализација, како и очекуваните резултати. Како законски застапник на државата Државното правобранителство на Република Македонија своите стратешки цели ги утврдува преку стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во својот домен на дејствување.

 

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија произлегуваат од Одлуката за утврдување на Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2014 година: Интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО; бескомпрописна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото.

 

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија се:

1. Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон

            Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

            -Продолжување на законито,стручно, ефикасно и економично извршување на државно-правобранителската функција како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија,

            -Зајакнување на капацитетите на Државното правобранителство на Република Македонија со зголемување на стручниот и стручно административниот кадар.

            -Спречување на одлив на буџетски средства

           

2. Воспитување на автоматизиран комјутерски систем за управување, сигурност и заштита во заведувањето и распоредувањето на предметите кои се водат во Државното правобранителство на Република Македонија и обезбедување на дигитални сертификати со токен за сите државни правобранители.

            Од овој приоритет произлегуваат следните цели:  

            -сигурност и заштита во заведувањето и распоредувањето на предметите и тоа од доставување на писмената, прием, отварање и прегледување на писмена, поднесоци, документи и податоци во електронска форма, работата на архивата на Државното правобранителство на Република Македонија во однос на водење на уписниците, образување на предмети, предавање на предметите во работа, прераспределба на предметите, извршувањето и наплатата на предметите и архивирање на предметите.

3. Воспоставување на авотматизиран компјутерски систем за електронско управување на податоци во Секторот за човечки ресурси

Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

-Уредно ажурирана матична евиденција за сите вработени.

 

4.  Имплементација за Закон за волонтерство

 

Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

-Имплементација на Законот за волонтерство и обучување на млади кадри

             

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2014 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија.

            Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2014 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно 30 предмети.По писмен пат во 2014 година се доставени 30 предмети, поднесени се од физички лица 20 предмети, од правни лица 4 предмети и други 6 предмети.

            Во насока на спроведување на Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, се одржуваат работни  средби и состаноци со претставници на државните органи за надминување на одредени проблеми кои се појавуваат во тековното работење на секој орган, а кое е непосредно во врска со постапувањето на Државното правобранителство на Република Македонија во остварување на основата надлежност,а тоа е превземање на мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија

            Соработката на Државното правобранителство на Република Македонија и државните органи е на завидно ниво и сметаме дека во оваа насока истата и ќе продолжи. Државното правобранителство на Република Македонија смета дека соработката помеѓу органите на државната управа е многу значаен и претставува еден вид успешен начин на надминување и разрешување на правни прашања кои се појавувааат во основната функција на Државното правобранителство, заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Државното правобранителсто на Република Македонија како државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Репубика Македонија ќе продолжи со законито, стручно, ефикасно и економично извршување на државно-правобранителската функција како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и координирано да постапува во работењето и постапувањето односно остварувањето на државно-првобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

            Позитивната соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжи и уште повеќе да се надградува се во интерес на целосната заштита на имотните права и интерси на Република Македонија.

 

III. АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСТВАРУВАЊЕ ДРЖАВНОПРАВОБРАНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА

 

Активностите и работата на  Државното правобранителство на Република Македонија во текот на 2014 година, произлегуваат од овластувањата, правата и обрвските што Државното правобранителство на Република Македонија ги има согласно Законот за државното правобранителство, системските закони и другите законски и подзаконски прописи.

            Државното правобранителство, во својата работа применува закони, законски прописи и подзаконски акти кои уредуваат правна материја од повеќе области на правото, како што се прописите од материјалното право: Законот за облигациони односи, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за денационализација, Законот за градежно земјиште со подзаконските акти, прописите поврзани со трансформација на општествениот капитал и продажбата на државниот капитал; потоа прописи од формално правен карактер, како што се Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за општа управна постапка, Закон за експропријација, Законот за стечај, Законот за нотаријат, Закон за кривична постапка во делот на оштетните побарувања и други правни прописи.

            Покрај надлежностите и овластувањата што ги има со законите и другите подзаконски акти, Државното правобранителство на Република Македонија постапува редовно и согласно Заклучоците од Владата на Република Македонија.Државните правобранители секогаш активно учествуваат на седниците на Комисиите на Владата на Република Македонија,како и на седници на Владата на Република Македонија.

            Државниот правобранител на Република Македонија е постојан член на Комитетот за градежна експанзија и развој при што може да се истакне дека благодарение на ажурното постапување на Државното правобранителство на Република Македонија на територијата на цела Македонија поголемиот број на предмети поврзани со експропријација на недвижност,одземање или престанок на корисничкото право се во целост реализирани со што е даден соодветен придонес во работата на Комитетот за градежна експанзија во релизација на јавниот интерес утврден преку програмата на овој комитет.

            Во текот на 2014 година, во работата на Државното правобранителство на Република Македонија најголемо место завземаат предметите поврзани со постапката за давање Правни Мислење,парнични предмети и управните предмети. Во голем број се и  предметите за стечај.

             Државното правобранителство на Република Македонија учествува во постапките за отуѓување на градежното изградено и неизградено земјиште со давање на соодветно мислење,неговата приватизација соглесно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост,како и за отуѓување на други недвижности сопственост на државата.

            Активното учество на Државниот правобранител во постапката за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата, се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат.  

            Учество на Државниот правобранител во постапките за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија,како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата е многу активно и се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат,во кој е утврдено дека нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител на РМ, ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, односно размена на недвижности, а како една од договорните страни се јавува Република Македонија,а другата е физичко или правно лице. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител, и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислење, а најдоцна за 30 дена. Во оваа постапка, во зависност од конкретниот случај, Државното правобранителство на Република Македонија дава позитивно или негативното мислење.

            Учеството на Државниот правобранител во постапката за приватизација на градежното земјиште сопственост на Република Македонија согласно Закон за приватизација и закуп на градежно земјуште во државна сопственост и Законот за измени и дополнувања на Законот на приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост е многу активно, бидејќи нацрт решенијата за приватизација заедно со сите списи пред да се достави до барателот се доставуваат на мислење до Државниот правобранител на Република Македонија кој што мислењето го доставува во рок од 15 дена по приемот на нацрт решението.

           Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови и други органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стучни Правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.            

 

IV. СТРУЧНИ СОВЕТУВАЊА

 

            Во текот на минатите години Државното правобранителство на РМ одржуваше стручни советувања на ниво на Државно правобранителство на Република Македонија. Досегашните одржани стручни советувања преку својата работа во целост беа успешни, исполнувајќи ги целите за кои беа организирани, поради што Државното Правобранителство и во иднина ќе организира таков вид на собири кои што имаат едукативен карактер и кои придонесуваат за разрешување на правни прашања кои се појавуваат во основната функција на Државното правобранителство,заштита на имотните прва и интереси на Република Македонија.

 

 

V.СОРАБОТКА СО ДРУГИ ОРГАНИ И ОРГАНИЗАЦИИ

 

            Државниот правобранител на Република Македонија,согласно одредбите од Законот за Државно правобранителство, во врска со прашања од значење за остварувањето на неговата функција и по прашања од заеднички интерес, соработува со органите на државната власт, судовите и со физички и правни лица.

            Начелно, соработката помеѓу Државното правобрнителство на Република Македонија со судовите, Јавното обвинителство, министерствта и други органи и организации е задоволителна, иако во определени случаи се појавуваат одредени потешкотии, кои најчесто се резултат на релативно краткиот рок за постапување и превземање на определени правни дејствија.

            Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови, другите органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стручни правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.

             Во текот на 2014 година, Државниот правобранител на Република Македонија имаше бројни средби и соработка со многу државни институции како што се: Владата на Република Македонија, Министерствата и други државни органи и органи на државната управа.

            Државниот правобранител на Република Македонија во текот на 2014 година  изврши редовни посети на сите 14 подрачја каде се обавува државно правобранителската функција.

           

 

 VI. ОБЕМ НА РАБОТЕЊЕТО ЗА 2014 ГОДИНА

 

 

            Државното правобранителство на Република Македонија, во периодот од 01.01.2014 год. по заклучно со 31.12.2014 год., постапувало по сите видови предмети кои спаѓаат во негова надлежност.

 

            Во текот на 2014 година, Државното правобранителство на Република Македонија   имало во работа и постапувало во вкупно 216.922 предмети, и тоа од сите области на правото каде е потребно преземање мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

 

            Согласно Сумарниот Преглед за движење на предметите за 2014 година за подрачјето на Скопје каде што е и седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија вкупно предмети во работа имало 63.388 .

           

            Како составен дел на овој Извештај се и Сумарниот преглед за двожење на предметите за 2014 година за сите подрачја на Државното правобранителство на Република Македонија и Сумарниот преглед за движење на предметите за 2014 година за подрачје Скопје.

 

1.Парнични предмети

           

            Парничните предмети имаат посебна важност и се сметаат како посложени предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство на Република Македонија.

            Во 2014 година вкупно предмети во работа биле 13.429.

            Споровите кои се водат во парничните постапки каде Државното правобранителство на Република Македонија се јавува како законски застапник на Република Македонија и нејзините органи, се по најразлични основи, од кои како   најчести и позначјани може да се споменат следниве:

            - спорови за утврдување на право на сопственост на недвижен имот

            -спорови за надомест на материјална и нематеријална штета, и тоа по основ на неоправдано осудени или неосновано лишени од слобода лица; заради противправно одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка; како и надомест на штета подруги основи;

            - Спорови во врска со поништувањето на договори кои ги склучила Република Македонија, особено: договори склучени во постапките за отуѓување или давање под закуп на државен имот (градежно земјиште, земјоделско земјиште); договори склучени во постапките за јавна набавка и други договори каде како договорна странка се јавува Република Македонија или некој нејзин орган, доколку постојат законски основи за нивно поништување;

            - Спорови во врска со наплата на долгови по најразлични основи, било во случај Република Македонија или нејзин орган да се јавува во својство на доверител или должник;

            - Работни спорови во кои најчесто државните органи се тужени заради спроведена постапка и донесени одлуки по дисциплински постапки, неисплатени степен на кариера, и утврдување дека државните службеници се стекнале со степен на кариера,  поради недонесување решение за стекнување со степен на кариера, исплата на јубилејна награда.

           -Спорови за утврдување оспорено право во стечајна постапка

            Од прибавените податоци во 2014 година биле поднесени редовни правни лекови-  жалби 2153 пред Апелационите судови во Република Македонија и вонредни правни лекови- ревизии 85 пред Врховниот суд на Република Македонија.

                       

2.Управни предмети и Управни спорови

 

            Во текот на 2014 година управни предмети во работа биле 15.419

            Работењето по управните предмети се однесуваат на покренувањето и водењето на управни постапки заради реализација на урбанистичкиот план кое се однесува  за одземање од владение градежно неизградено земјиште, експропријација на недвижности и одземање или ограничување на правото на користење на недвижности во државна сопственост. Во овие предмети влегуваат и доставувањата на потврди од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, кои се однесуваат за промена на содржината на недвижностите во имотните листови, на име на физички или правни лица, или на име на Република Македонија.

            Во текот на 2014 година управни спорови во работа виле 4512, при што од прибавените податоци тужби за управен спор покренати од страна на Државното правобранителство на Република Македонија биле 111, а жалби против одлуките на Управниот суд биле поднесени 95 до Вишиот Управен суд.

Управните спорови произлегуваат од постапки за денационализација и најголем дел по прекршочни постапки согласно член 42-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови односно пороизлегува обврска на Државното правобранителство да учествува во управна постапка, која постапка произлегува од работата на Прекршочни комисии, во кои постапки Државното правобранителство воопшто не учествува. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за управни спорови чл.42-а е утврдено дека против одлука на Управниот суд, органот чиј акт бил предмет на управниот спор може да поднесе жалба преку  Државниот правобранител на Република Македонија.

Во последниов период се позачестени се барања од државните органи Државното правобранителство да поднесува жалби на одлуките на Управниот суд, а во врска со донесените акти од прекршочни комисии при државните органи.

 

3.Правни мислења

 

Посебен вид предмети кои се наоѓаат во работа во Државното правобранителство преставуваат давањето правни мислења кои согласно законските овластувања ги дава Државниот правобранител на Република Македонија.

            Во текот на 2014 година од областа на правни мислења во работа вкупно биле 22.182, од кои само примени предмети во работа во текот на годината биле 14.208, а со оглед на високиот број на завршени предмети 9.329 може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност.

            Согласно член 46 од Законот за нотаријат, улогата на Државниот правобранител во давање на мислења е од големо значење. Имено ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, физичка делба на недвижност, односно размена на недвижности, како една од договорните страни се јавува Република Македонија, нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислењето,  а најдоцна за 30 дена. Ако Државниот правобранител не даде мислење во определениот рок, нотарот ќе го изврши потврдувањето на исправата како да е дадено мислење. Исправите потврдени спротивно на одредбите на овој член немаат сила на јавна исправа и се сметаат за апсолутно ништовни.

            Државното правобранителство успешно го совладува приливот на нови предмети од овој вид. Решавањето на овој вид предмети, односно времетраењето на постапката за давање на правни мислења, најмногу зависи од работењето на самото Државно правобранителство, па може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност,кога неговата работа не зависи од преземање на дејствија и постапување од страна на други субјекти.

 

4. Извршни предмети

 

             Во текот на 2014 година извршни предмети вкупно во работа биле 7141.    Ова се предмети кои се водат пред надлежни извршители. По извршните предмети од прибавените податоци биле поднесени 29 приговори и 7 жалби, и по прекршочните предмети биле поднесени 71 жалба.

 

5.Стечајни предмети

 

            Во текот на 2014 година стечајни предмети вкупно во работа биле 4740.      Државното правобранителство како законски застапник на Република Македонија во стечајните постапки учестува како доверител во случаевите кога по известие добиено од Управата за јавни приходи,  Државното правобранителство  поднесува барање за отворање на стечајна постапка, односно во отворена стечајна постапка поднесува стечајни побарувања кои ги има Република Македонија спрема стечајниот должник.       Во стечајната постапка пред судовите, Државното правобранителство зема активно учество штитејќи ги имотните права и интереси на Република Македонија кога таа или нејзин орган се јавува како доверител во стечајна маса. Во случаите кога се работи за поголемо побарување што Република Македонија го има пријавено во стечајната маса, тогаш Државното правобранителство учествува во работата на Одборот на доверители.

            Државното правобранителство во стечајните постапки поднесува тужби пред надлежните судови, во случаите кога од страна на стечајниот суд е упатен на судски спор. Овие постапки се водат пред надлежните граѓански судови, во кои Државното правобранителство превзема правни дејствија за докажување на побарувањето на органот кого го застапува.

            Државниот правобранител на Република Македонија инсистира во рамките на стечајните постапки секогаш пред гласањето во Одборот на доверители или пред Собранието на доверители, Државно правобранителство на Република Македонија  да има добиен точен и изграден став од органот кој го застапува во кој правец ќе се одвива гласањето во рамките на органите на стечајната постапка.

 

 6.Предмети од превентивниот метод на работа

 

Во постапувањето по овие предмети , Државното правобранителство  врши претходно испитување и анализирање на пристигнатите поднесоци, дописи, претставки, извештаи и сл. и доколку увиди дека се повредени имотните права и интереси на Република Македонија, тогаш заради заштита на истите , поведува соодветна постапка пред надлежен орган, или превзема други дејствија за кои е овластено да ги превзема. Еден од превентивните методи на работа се и Опомените до физичките и правните лица за доброволно плаќање на долговите кон Република Македонија.

Во текот на 2014 година превентивни предмети вкупно во работа биле 4387.

 

7. Вонпарнични предмети

 

Вонпарнични предмети се предмети кои се однесуваат за определување на надомест за градежно земјиште одземено од владение, експропирани недвижности,како и предмети по физичка делба на ствари сопственост на Република Македонија.

Во текот на 2014 година вонпарнични предмети вкупно во работа биле 1900, во кои од прибавените податоци се поднесени 57 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија.

 

8. Атхезиони предмети

 

            Во атхезионите предмети Државното правобранителство застапувајќи ја Република Македонија и нејзините органи, поднесува имотно правни побарувања насочени спрема обвинетите во кривичната постапка. Ова учество е веќе по започнатите истражни и кривични постапки од страна на Јавното обвинителство кои постапки се однесуваат на предметите поврзани со злоупотреба на службена положба и овластувања,  коруптивни дејанија и друго.

            Во текот на 2014 година атхезиони предмети вкупно во работа биле 969.

 

9. Платни налози

           

            Од страна на нотарите до Државното правобранителство  се доставуваат платни налози  по кои во најголем дел се поднесуваат приговори , кои потоа поради спорност продолжуваат во постапка пред надлежните првостепени граѓански судови.

            Во текот на 2014 година предмети по платни налози вкупно во рбота биле 712.

 

10. Организационите предмети

 

Во овој вид предмети спаѓаат предметите, по кои постапува Државниот правобранител на Република Македонија во неговата соработка со другите органи , установи, институции, со размена на податоци и информации, со давање правни мислења, правна помош и совети, на органите кои не се застапувани од Државното правобранителство на Република Македонија, а се корисници на средства од Буџетот на Република Македонија (училишта, национални установи, дирекции, агенции и сл.), како и премети поведени по повод разни поднесоци, претставки, барања, предлози и сл. поднесени непосредно до Државниот  правобранител на Република Македонија, од страна на правни и физички лица.

        Тука спаѓаат и предметите преку кои Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители кореспондираат и соработуваат, во врска со организациони прашања во рамките на Државното правобранителство, како и други предмети кои се однесуваат за размена на податоци и информации.

            Во текот на 2014 година организациони предмети вкупно во работа биле 2289, од кои примени 1754, а завршени 1383.

 

11. Разно

 

Посебни предмети кои се наоѓаат во работа при Државното правобранителство се предмети кои се однесуваат за постапувањето на Државното правобранителство по повод на најразлични поднесоци, барања, известувања, предлози и слично доставени од страна на државните органи, правните и физичките лица.

Во текот на 2014 година предмети разно вкупно во работа биле 1748.

 

 

12. Денационализација

 

            Во текот на 2014 година предмети за денационализација вкупно во работа биле 7743, од кои 409 биле примени во работа, од кои 6588 се завршени предмети.

            Државното правобранителство на Република Македонија преку државните правобранители, превзема соодветни мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Во сите случаи кога се констатираат повреди на имотните права и интереси на Републиката во процесот на денационализција, се поднесуваат тужби до Управниот суд, односно жалби до Вишиот управен суд. Од страна на Државниот правобранител на Република Македонија во рамките на надлежностите се прават напори да се испочитува ставот на Владата на РМ овој процес да заврши што е можно поскоро.

 

13.СТРУЧНИ КОЛЕГИУМИ

 

            Државниoт правобранител на Република Македонија редовно еднаш, а по потреба и повеќе пати неделно одржува Стручен Колегиум , на кој се разгледуваат стручни предмети од надлежноста на Државното правобранителство на Република Македонија, а исто така Државниот правобранител на Република Македонија, редовно на секои три месеци организира заеднички средби во Скопје во седиштето на Државно правобранителство на Република Македонија, со сите Државни правобранители  од подрачјето на Државното правобранителство на Република Македонија.

            На ваквите Стручни колегиуми се донесуваат заклучоци, со што се постигнува унифицирано постапување на сите Државни правобранители, со што се зголемува и ефикасноста и ажурноста во работењето.

 

VII.ГОДИШЕН ФИНАНСКИСКИ ПЛАН ЗА 2014 ГОДИНА

 

            Согласно Годишниот финансиски план за 2014 година на Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметката број 040060058263710  од планираниот износ од 121.780.719,00 денари, реализирани се 113.462.955,00 денари.

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

41.702.504,00

401

Плати и надоместоци

15.443.215,00

402

Придонеси за социјално осигурување

      43.731,00

420

Патни и дневни раходи

 4.473.498,00

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

     664.751,00

423

Материјали и ситен инвентар

 67.317,00

424

Поправки и тековно одржување

246.676,00

425

Договорни услуги

50.731.568,00

426

Други тековни расходи

89.695,00

480

Купување на опрема и машини

0

485

Вложувања и нефинансиски средства

           

            Годишниот финансиски план за 2014 година за Државното правобранителство на Република Македонија, од жиро сметка 040060058263118  од планираниот износ од  4.631.000,00 денари, реализирани се 715.155,00 денари.

 

Реализирани средства

Расходни ставки

Намени

58.641,00

420

Патни и дневни расходи

50.049,00

421

Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт

114.067,00

423

Материјали и ситен инвентар

122.176,00

424

Поправка и тековно одржување

268.848,00

425

Договорни услуги

23.100,00

426

Други тековни расходи

57.374,00

464

Разни трансфери

20.900,00

480

Купување на опрема и машини

 

 

VIII.    ЗАВРШЕН ДЕЛ

 

            Законитото, стручното, ефикасното и економичното извршување на државно- правобранителската функција, како основна законска функција на органот на целата територија на Република Македонија и превземањето на сите мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и на нејзините органи, ќе продолжи и понатаму со координирано постапување во работењето  и постапувањето односно остварувањето на државно- правобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државните правобранители, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

            Државното правобранителство на Република Македонија и органите кои ги застапува и во иднина треба да продолжат со позитивната соработка и уште повеќе истата да се надградува, се во интерес на целосната заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и нејзините органи.

 

ПРИЛОГ:

- Сумарен преглед за движење на предметите за 2014 година за сите подрачја каде што се врши државно-правобранителската функција,

- Сумарен преглед за движењето на предметите за 2014 година за подрачјето на Скопје

 

Изработил:

Државен советник

Андријана Сливоска          

                                                                                       ДРЖАВЕН  ПРАВОБРАНИТЕЛ

 НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Насер Ајдари

                                                           

.