Печати

Стратешки план 2018-2020

Posted in Стратешки план

Република Македонија

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ДПБр.02-351/17-1

15.01­.2018 година

Скопје        

  

 СТРАТЕШКИ ПЛАН НА

ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2018-2020 ГОДИНА

                                                         

   ЈУЛИ 2017 година

 

 

 1.1.ВОВЕД

 

     Државното правобранителство на Република Македонија согласно Законот за државно правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07 и 104/15), е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.

            Приоритетна цел на органот е правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, пред судовите и други органи во земјата и странство. Ефикасноста во своето работење ја постигнува со тим составен од обучен кадар.

            Стратешкиот план на Државното правобранителство на Република Македонија е стратешки документ преку кој се дефинираат активностите за остварување на својата конкретна и единствена цел.

            Стратешкиот план за период 2018-2020 година претставува континуирано продолжување на стратешките цели и приоритети на Државното правобранителство на Република Македонија, програмите, активностите, потребните ресурси и финансиски средства за нивна реализација, како и очекуваните резултати.

            Како застапник по закон на државата Државното правобранителство на Република Македонија своите стратешки цели ги утврдува преку стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во својот домен на дејствување.

            Државното правобранителство на Република Македонија има добиено Сертификат за Систем на управување со квалитет ИСО 9001:2008, под регистарски број Q 1084/0 од 12.12.2014 година.

 

1.2.  МИСИЈА

            Државното правобранителство на Република Македонија кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

1.3..ВИЗИЈА

            Обезбедување висококвалитетна, професионална, независна, ефикасна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

1.4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ

Државното правобранителство на Република Македонија од областа на своето постапување ги има следните задачи и обврски:

 

-превземање на мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон и врши и други работи утврдени со Законот за државното правобранителство и други закони.

 

 

 

1.5. СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

            Државното правобранителство на Република Македонија ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори

     Делокругот на работа на Државното правобранителство на Република Македонија е утврден во Законот за државно правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07 и 104/15)

     Согласно член 2 од Законот за државното правобранителство (Сл весник на РМ бр.87/07 и 104/15) Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој презема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија, а согласно член 5 од истиот закон Државниот правобранител и државните правобранители ги штитат имотните права и интереси на Република Македонија и на државните органи основани со закон пред судовите и другите органи во земјата и странство. Согласно член 8 од цитираниот закон Државните правобранители во вршењето на својата функција се самостојни и за својата работа одговараат пред Владата на Република Македонија и пред Државниот правобранител. Согласно член 10 од законот државните правобранители преземаат дејствија пред суд, друг орган или правни лица за кои со овој или друг закон е овластен државниот правобранител.

            Државното правобранителство, во својата работа применува закони, законски прописи и подзаконски акти кои уредуваат правна материја од повеќе области на правото, како што се: Законот за облигациони односи, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за денационализација, Законот за градежно земјиште со подзаконските акти, прописите поврзани со трансформација на општествениот капитал и продажбата на државниот капитал; Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за општа управна постапка, Закон за експропријација, Законот за стечај, Законот за нотаријат, Закон за кривична постапка во делот на оштетните побарувања и други правни прописи.

            Државното правобранителство на Република Македонија учествува во постапките за отуѓување на градежното изградено и неизградено земјиште со давање на соодветно мислење,неговата приватизација согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост,како и за отуѓување на други недвижности сопственост на државата.

            Активното учество на Државниот правобранител во постапката за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата, се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат.  

            Улогата на Државниот правобранител во постапките за отуѓување на градежното неизградено земјиште сопственост на Република Македонија,како и за отуѓување на друга недвижност сопственост на државата е многу битна, а надлежноста се заснова врз член 46 од Законот за нотаријат,во кој е утврдено дека нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител на РМ, ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, односно размена на недвижности, а како една од договорните страни се јавува Република Македонија,а другата е физичко или правно лице. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител, и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислење, а најдоцна за 30 дена. Во оваа постапка, во зависност од конкретниот случај, Државното правобранителство на Република Македонија дава позитивно или негативното мислење.

            Улогата на Државниот правобранител во постапката за приватизација на градежното земјиште сопственост на Република Македонија исто така е многу битна, а согласно новите законски одредби, по донесените решенија за приватизација заедно со сите списи , може да вложува редовни и вонредни правни лекови.

           Покрај редовната соработка помеѓу органите на државната управа и Државното правобранителство на Република Македонија, која најчесто се однесува на нивно застапување од Државното правобранителство пред надлежните судови и други органи, Државното правобранителство на Република Македонија на барање од органите на државната управа, дава стучни Правни Мислења по одредени правни прашања, правни совети и правна помош.           

             Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

          Државното правобранителство на Република Македонија успешно и навремено ги спроведува целите и активностите предвидени согласно Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија, во кој учествува во работната група 23 Правосудство и фундаментални права.

           

1.6. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

            Во Државното правобранителство на Република Македонија работат вкупно 109 лица, од кои 1 (еден) Државен правобранител на Република Македонија и Државни правобранители 33 ( триесет и три).

            Во Државното правобранителство на Република Македонија работат Државни службеници вкупно 72 (седумдесет и два) од кои Раководни државни службеници 4 (четири) :Државен советник 1 (еден) и Раководители на одделенија 3 (три), од стручно административен кадар 32 (триесет и два ) од кои советници 15, соработник 1, помлад соработник 16, административен кадар 35 (триесет и пет) од кои самостоен референт 2, виши референти 18, референти 12, помлад референт 3 и вработени кои немаат статус на државен службеник 4 (четири). Од вкупно 110 вработени со Висока стручна спрема се 71(седумдесетиеден), со Виша стручна спрема 1 (еден) со средна стручна спрема се 36 (триесет и шест) и со Основно образование 2 (два). Од вкупен број на функционери 34: мажи се 15 (петнаесет), жени 19 (деветнаесет), од кои македонци се 32 и албанци 2 или процентуално 94,11% македонци и 5,89% албанци. Од вкупен број на државните службеници 72:мажи се 16 (шеснаесет), жени 56 (педесет и шест), а од вкупен број на вработени кои немаат статус на државен службеник 4: мажи се 2 (два) а жени 2 (две). Од вкупен број на вработени 110: мажи се 31 (триесетиеден), жени 79 (седумдесет и девет). Од вкупно 110 вработени македонци се 83 (осумдесетитри), албанци 22 (дваесетидва), срби 2 (два), турци 1 (еден), и бошњаци 2 (два), или процентуално 75.45% македонци, 20% албанци, 0.93% турци, 1.81% срби и 1.81% бошњаци.

            Државното правобранителство на Република Македонија има донесено Правилник за внатрешна организација ДП бр.02-864/15 од 17.12.2015 година и Правилник за систематизација на работните места ДП бр.02-863/15 од 17.12.2015 година.Согласно внатрешните акти формирани се 3 сектори и тоа Сектор за управување со човечки ресурси со 2 одделенија:Одделение за организациски развој и обука и Одделение за матична евиденција, Сектор за правни, општи и заеднички работи со 2 одделенија: Одделение за правни работи и застапување и Одделение за општи и заеднички работи и Сектор за финансиски прашања со 2 одделенија: Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки и Одделение за сметководство и плаќања.Како независно одделение е формирано Одделение за внатрешна ревизија.

            Државното правобранителство на Република Македонија ги почитува принципите на правична застапеност . Во текот на 2016 година  врз основа на член 44 од Законот за вработени во јавниот сектор и член 30 од Законот за административни службеници Државното правобранителство на Република Македонија има  склучено се 5 (пет) спогодби за вработување без јавен оглас преку трајно превземање со Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при Влада на Република Македонија со претходна соглсност со вработените.  Владата на Република Македонија-Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор со  допис го извести Државното правобранителство на Република Македонија  за потребата од превземање на  административни службеници  и тоа во подрачјата Прилеп- еден извршител помлад соработник за правни работи , во подрачјето Велес - еден извршител помлад соработник, во подрачјето Тетово - еден извршител помлад соработник, во подрачјето Кичево - еден извршител помлад соработник  и во подрачјето Охрид –еден извршител помлад соработник.Сите 5 (пет) административни службеници засноваа работен однос од 15 март 2016 година . Државното правобранителство на Република Македонија истакнува дека и понатаму ќе ги почитува принципите на правична застапеност согласно Уставните определби за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а со тоа ќе се стреми и кон имплементирање на усвоената Стратегија на Владата на Република Македонија, за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

 

1.7. ОДНОСИ ВО СОСТАВ НА ОРГАНОТ

 

            Државното правобранителство на Република Македонија делува како самостоен орган во кој спаѓаат 15 (петнаесет) подрачја кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија.

            Во рамките на Државното правобранителство на Република Македонија не постојат органи во состав.

 

1.8ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ  2016 ГОДИНА

 

            Државното правобранителство на Република Македонија, во периодот од 01.01.2016 год. по заклучно со 31.12.2016 год., постапувало по сите видови предмети кои спаѓаат во негова надлежност.

            Во текот на 2016 година, Државното правобранителство на Република Македонија   имало во работа и постапувало во вкупно 206368 предмети, и тоа од сите области на правото каде е потребно преземање мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Согласно Сумарниот Преглед за движење на предметите за 2016 година за подрачјето на Скопје каде што е и седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија вкупно предмети во работа имало 47.709 .

            Во 2016 година вкупно парнични предмети во работа биле 11493, управни предмети во работа биле 13876, а управни спорови 7478. Во текот на 2016 година од областа на правни мислења во работа вкупно биле 33845 предмети  (споредбено со 2015 година кога биле 31136), од кои само примени предмети во работа во текот на годината биле 15982, а со оглед на високиот број на завршени предмети 13670,  може да се заклучи дека Државното правобранителство има висок степен на ажурност.Во текот на 2016 година извршни предмети вкупно во работа биле 7060,  стечајни предмети вкупно во работа биле 4669, превентивни предмети вкупно во работа биле 4170, вонпарнични предмети вкупно во работа биле 2185, а од прибавените податоци биле поднесени 32 жалби од страна на Државното правобранителство на Република Македонија. Во текот на 2016 година атхезиони предмети вкупно во работа биле 946, предмети по платни налози вкупно во работа биле 1019, а согласно прибавените податоци биле вложени 27 приговори. Во текот на 2016 година организациони предмети вкупно во работа биле 3488, од кои примени 1926, а завршени 1659. Во текот на 2016 година предмети разно вкупно во работа биле 1970, предмети за денационализација вкупно во работа биле 6773, од кои 215 биле примени во работа, а 315 се завршени предмети. Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите. Државното правобранителство на Република Македонија согласно законските одредби достави 2 полугодишни извештаи до Министерството за информатичко општество и администрација. Во Државното правобранителство на Република Македонија за 2016 година, согласно двата полугодишни извештаи се примени и заведени вкупно единаесет (11) предмети. По писмен пат се доставени единаесет (11) предмети, поднесени се од физички лица седум (7) предмети, од правни лица четири (4) предмети.

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија. Во Државното правобранителство на Република Македонија примени се вкупно 8 (осум) барања за пристап до информации, од кои во подрачје Скопје 5 (пет), во подрачје Кочани 2 (две) и во подрачје Битола 1 (едно). На 7 (седум) барања е позитивно одговорено, а на 1 (едно) е побарано дополнување и појаснување на барањето, но од страна на барателот не е постапено во оставениот рок, поради што е донесен Заклучок со кој се констатира повлекување на барањето, за кој заклучок е известен и подносителот на барањето.

 

 

 

1.9ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ 2017 ГОДИНА

 

            Во 2017 година согласно Сумарен преглед за движење на предметите за месеците јануари-февруари за 2017 година, прикажани се поединечно предметите по сите примени основи

 

          СУМАРЕН ПРЕГЛЕД ЗА 2017 ГОДИНА

За движење на предметите за месец јануари 2017 година за сите подрачја каде што се врши државноправобранителска функција 

   Вид на предмети

 

Несвршени предмети на почетокот на месецот

Примени предмети во работа

Вкупно предмети во работа

Свршени предмети

Несвршени предмети на крајот  на месецот

ПРЕВЕНТИВА-ПР

3846

11

3857

32

3825

ПАРНИЧНИ-П

8869

350

9219

263

8956

АТХЕЗИОНИ-А

786

16

802

11

791

ИЗВРШНИ-И

5787

117

5904

100

5804

ПРАВНИ МИСЛЕЊА-М

20175

108

20283

282

20001

ДОГОВОРИ-ДОГ

0

0

0

0

0

ОРГАНИЗАЦИОНИ-ДП

1829

40

1869

79

1790

УПРАВНИ-У

11593

208

11801

244

11557

УПРАВНО ИЗВРШНИ-УИ

0

0

0

0

0

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ БЕЗ НАДОМЕСТ-УП

2992

795

3787

409

3378

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СО НАДОМЕСТ-УН

627

94

721

56

665

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СО ЗАКУП-УЗ

0

0

0

0

0

ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА-ДН

6458

25

6483

27

6456

ВНПАРНИЧНИ-ВП

1728

39

1767

60

1707

РАЗНО-Р

920

193

1113

182

931

СТЕЧАЈНИ-СТ

4127

959

5086

32

5054

ИЗВРШНО КРИВИЧНИ-ИКР

11671

0

11671

21

11650

ИЗВРШНО ПРЕКРШОЧНИ-ИПРК

90027

0

90027

53

89974

ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ-ПИ

5

1

6

4

2

ПЛАТЕН НАЛОГ-ПН

576

22

598

21

577

УПРАВЕН СПОР-УС

7003

249

7252

44

7208

ВКУПНО:

179019

3227

182246

1920

180326

 

За движење на предметите за месец февруари 2017 година за сите подрачја каде што се врши државноправобранителска функција 

   Вид на предмети

 

Несвршени предмети на почетокот на месецот

Примени предмети во работа

Вкупно предмети во работа

Свршени предмети

Несвршени предмети на крајот  на месецот

ПРЕВЕНТИВА-ПР

3825

21

3846

16

3830

ПАРНИЧНИ-П

8956

553

9509

268

9241

АТХЕЗИОНИ-А

791

7

798

15

783

ИЗВРШНИ-И

5804

161

5965

127

5838

ПРАВНИ МИСЛЕЊА-М

20001

100

20101

855

19246

ДОГОВОРИ-ДОГ

0

0

0

0

0

ОРГАНИЗАЦИОНИ-ДП

1790

61

1851

52

1799

УПРАВНИ-У

11557

383

11940

370

11570

УПРАВНО ИЗВРШНИ-УИ

0

0

0

0

0

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ БЕЗ НАДОМЕСТ-УП

3378

926

4304

515

3789

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СО НАДОМЕСТ-УН

665

153

818

124

694

УПРАВНИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СО ЗАКУП-УЗ

0

0

0

0

0

ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА-ДН

6456

9

6465

39

6426

ВНПАРНИЧНИ-ВП

1707

53

1760

28

1732

РАЗНО-Р

931

152

1083

125

958

СТЕЧАЈНИ-СТ

5054

103

5157

49

5108

ИЗВРШНО КРИВИЧНИ-ИКР

11650

0

11650

1

11649

ИЗВРШНО ПРЕКРШОЧНИ-ИПРК

89974

0

89974

64

89910

ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ-ПИ

2

3

5

1

4

ПЛАТЕН НАЛОГ-ПН

577

23

600

21

579

УПРАВЕН СПОР-УС

7208

218

7426

28

7398

ВКУПНО:

180326

2926

183252

2698

180554

 

1.10. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство произлегуваат од Одлуката за утврдување на Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија бр.44-2698/1 од 25 јули 2017 година (Сл весник на РМ бр.96/17) Република Македонија- членка на НАТО и Европската Унија  и владеење на правото и изградба на независни институции.

            Стратешките приоритети и цели на Државното правобранителство на Република Македонија се :

1. Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон

            Од овој приоритет произлегуваат следните цели:

            -Постојано, редовно, благовремено, економично преземање на сите правни мерки и средства во постапките кои се водат пред судовите и другите органи и институции

-Донесување на Годишен распоред за работа на Државното правобранителство на Република Македонија за 2018 година

-Изготвување на План за јавни набавки за 2018 година

-Изготвување на финансов план за 2018 година

-Да се изработи Годишен план за соодветна и правична застапеност на заедниците за 2018 година

-Да се изработат полугодишни извештаи за спроведување на Законот за постапување по претставки и предлози

-Да биде изработена годишна Информација за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

-Да се изготват полугодишни извештаи за спроведување на Законот за спречување на корупцијата

- Да се изготви Годишен план за вработување и да се изготват полугодишни извештаи

-Да се изготви План за годишна обука и да се изготват полугодишни извештаи за реализирање на Планот за годишна обука

-Да се одржат работилници (семинари) на ниво на државни правобранители, на стручниот кадар и на стручно-административниот кадар.

- да се воспостави back up  заштита (копија на податоци на надворешна локација ) на документите во Државното правобранителство на РМ

- Ресертификација на ИСО стандарди (2018,2019 и 2020 година)

 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ДО 31.12.2017 ГОДИНА

            Државното Правобранителство на Република Македонија во периодот кој што следи очекува да бидат остварени следните резултати:

            -Брзо и економично завршување на предметите поврзани со постапката за денационализација, постапките за оттуѓување на градежно и неизградено земјиште, неговата приватизација, како и предметите за оттуѓување на други недвижности сопственост на државата во делот на надлежноста на Државното Правобранителство на Република Македонија , како и завршување на предметите кои се водат пред надлежните судови на територија на Република Македонија.

 

 

1.11 ПРОГРАМИ

        1.                            ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМА

2.1          A Оправданост и дизајн на програмата

Образложение: Програмата Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи, произлегува од :

Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, Република Македонија- членка на НАТО и Европската Унија  и владеење на правото и изградба на независни институции

2 NPAA Не е по НПАА програма

 

Назив на програмата: Правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи

Цел на програмата:  превземање на мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и државните органи основани со закон

Показатели на успех на програмата:vkupno primeni predmeti vo rabota po site osnovi za prethodniot mesec, vkupniot broj na predmeti po koi se postapuva, vkupno re{eni predmeti zaklu~no so prethodniot mesec, predmeti koi ostanuvaat vo rabota za naredniot mesec

Програмата е:      хоризонтална                                                      вертикална х

Очекувани резултати (компоненти) од Програмата: Добиени правосилни пресуди во корист на Република Македонија  

Потпограма 1: Вложување на редовни и вонредни правни средства

Показател на успешност:Број на вложени редовни и вонредни правни средства

Потпограма 2: Спречување на одлив на буџетски средства

Показател на успешност: Број на вложени приговори во извршните постапки

     

 

                                      ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМА

                              B: ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМА

Резултат1: План за спроведување Вложување на редовни и вонредни правни средства

Активност:

Одговорни

Консултирани

Временска рамка почеток

Временска рамка крај

Потребни ресурси човечки

Потребни ресурси финансиски

Поднесување на тужби, редовни и вонредни правни средства, судски вештачења, нотарски заверки, извршувања

Државни правобранители, советници, помлади соработници

Државен правобранител на Република Македонија

01.01.2018континуирано

31.12.2018

континуирано

10

3.730.944,00 денари

 

Постапување по вкупен број примени предмети, завршени, во работа

 

 

Помлад соработник за матична евиденција и виши референти-архивари

Државен правобранител на Република Македонија

01.01.2018континуирано

31.12.2018

континуирано

 

 

Вкупно активности во тековната година  2

Вкупно активности во следната година

 

Вкупно активности во година -  

Вкупно за резултат

 

 

                                      ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМА

                              B: ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМА

Резултат1: План за спроведување Спречување на одлив на буџетски средства

Активност:

Одговорни

Консултирани

Временска рамка почеток

Временска рамка крај

Потребни ресурси човечки

Потребни ресурси финансиски

Поднесување на приговори во извршните постапки

Државни правобранители, советници, помлади соработници

Државен правобранител на Република Македонија

01.01.2018континуирано

31.12.2018

континуирано

10

3.730.944,00 денари

 

 

 

 

 

 

 

 

Вкупно активности во тековната година  1

Вкупно активности во следната година

 

Вкупно активности во година -  

Вкупно за резултат

 

 

3 ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ПРОГРАМА

 

Резиме на потреба од нови вработувања

Резиме на потреба од прераспределба на вработените

Резиме на потереба од обуки

Програма -Правна заштита на имотните права и интереси на РМ и државните органи

9

1

2 семинари, 4 интерни обуки, 20 екстерни обуки, надворешни обучувачи

 

4 ПРИНЦИП НА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ

                  2018

очекувано влијание

Вработување на државни службенци

                  2019

очекувано влијание

Вработување на државни службенци

2020

очекувано влијание

Вработување на државни службенци

 

  

   

  5   РАЗВИВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ФУНКЦИИ

 

 

                           2018

Планирани активности

                    2019

 Планирани активности

                2020

Планирани активности

 

Стратешко планирање/подготвување на Буџетот

За спроведувањето и реализацијата на Стратешкиот план надлежни се раководителите на одделенијата.

Подготвувањето на Буџетот во ДПРМ се реализира од страна на Секторот за финансиски прашања во кое е формирано Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки согласно мерките и активностите предвидени во стратешкиот план, а во функција на остварувањето на стратешките приоритети и цели на Влада на Република Македонија

 

Извршување на буџетот и управување со средства(во рамките на Секторот за финансиски прашања, Одделение за буџетска координација, буџетска контрола и координација на јавни набавки ја следи реализацијата на буџетот)

*Спроведување на обуки на вработените во функција на извршување и управување на буџетот

*електронска евиденција на попис на основни средства

 

*Кадровско доекипирање на Сектор за финансиски прашања

 

* Спроведување на обуки на вработените во функција на извршување и управување на буџетот

 

* Кадровско доекипирање на Сектор за финансиски прашања

* Спроведување на обуки на вработените во функција на извршување и управување на буџетот

 

Управување со човечки ресурси

*спроведување на обука на вработените

*извештај за спроведената обука

*оценување на државните службеници

*подготвување на извештај за годишно оценување

*воведување на софтверска апликација-електронско управување со човечки ресурси

*Кадровска екипираност

*Обука на млад кадар по пат на волонтирање

*Кадровско доекипирање на Сектор за управување со човечки ресурси

* спроведување на обука на вработените

* извештај за спроведената обука

   * оценување на државните службеници

* подготвување на извештај за годишно оценување

* Обука на млад кадар по пат на волонтирање

*спроведување на обука на вработените

*извештај за спроведената обука

   * оценување на државните службеници

* подготвување на извештај за годишно оценување

* Обука на млад кадар по пат на волонтирање

 

Внатрешна ревизија

 

- Изготвување на Стратешки и годишен план за спроведување на ревизии;

-Спроведување на нови ревизии: Ревизија на процесот на ништење на предметите, Ревизија на процесот на прием регистрирање, распределба и постапување на предмети преку електронскиот систем на ЗЕЛС,

- Доставување на извештаи до ревидираните субјекти и раководителот на субјектот од спроведена ревизија;

-Известување за квалитетот на извршените ревизии;

- Следење и ажурурање на базата на дадени препораки;

- Следење и ажурирање на утврдените ризици во ревизорскиот универзум;

- Континуирана надградба на вработените преку посета на работилници и семинари;

 

- Кадровско доекипирање(вработување на едно лице, советник внатрешен ревизор);

- Набавка на еден компјутер и печатар;

 

 

- Изготвување на Стратешки и годишен план за спроведување на ревизии;

-Спроведување на нови ревизии: Ревизија на процесот на личното задолжување и раздолжување на вработените, Ревизија на процесот на менаџирање со човечки ресурси, Follow up ревизија на процесот на буџетирање;

-Доставување на извештаи до ревидираните субјекти и раководителот на субјектот од спроведена ревизија;

-Известување за квалитетот на извршените ревизии;

- Следење и ажурурање на базата на дадени препораки;

- Следење и ажурирање на утврдените ризици во ревизорскиот универзум;

- Континуирана надградба на вработените преку посета на работилници и семинари;

-Изготвување на Стратешки и годишен план за спроведување на ревизии;

-Спроведување на нови ревизии: Follow up ревизија на процесот на ништење на предмети; Follow up ревизија на процесот на прием регистрирање, распределба и постапување на предмети преку електронскиот систем на ЗЕЛС;

-Доставување на извештаи до ревидираните субјекти и раководителот на субјектот од спроведена ревизија;

-Известување за квалитетот на извршените ревизии;

- Следење и ажурурање на базата на дадени препораки;

- Следење и ажурирање на утврдените ризици во ревизорскиот универзум;

- Континуирана надградба на вработените преку посета на работилници и семинари;

Правни,општи и заеднички работи

 

*Управување на движење на предметите кое претставува превземање на дејствија од страна на Државниот правобранител на Република Македонија, државните правобранители. Раководителите на секторите и на одделенијата, државните службеници од денот на приемот на писмената во ДПРМ до денот на архивирањена предметите

*кадровска доекипираност

*одржување на 2 семинари на државни правобранители, за стручен и стручно административен кадар

 

* кадровска доекипираност во Сектор за правни, општи и заеднички работи

* одржување на 2 семинари на државни правобранители, за стручен и стручно административен кадар

 

* кадровска доекипираност во Сектор за правни, општи и заеднички работи

* одржување на 2 семинари на државни правобранители, за стручен и стручно административен кадар

 

             

 

 Во делот 1.12. дадени се следните прилози:

1.12.1. АНАЛИЗА НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА

            Во остварување на своите надлежности Државното правобранителство на Република Македонија успешно ги заштитува имотно правните интереси на Република Македонија и државните органи. За тоа оствари успешна соработка со органите и државните институции чии интереси ги застапува пред судовите и другите органи. Оваа успешна соработка е одраз и на потпишаниот Протокол за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, државните органи и Државното правобранителство.

            Со склучувањето на Протоколот за начинот и постапката за доброволно исполнување на парична обврска по основ на правосилни судски одлуки, судски порамнувања или вонсудски спогодби, одлуки и порамнувања во управна постапка, нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со закон кога како должник се јавува Република Македонија, помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и Министерството за финансии, се спречи одлевање на буџетски средства з присилно извршување и течење на камати.

1.12.2. ИСТОРИЈАТ

            Јавното правобранителство за првпат како институција е основано на 11 мај 1952 година со Законот за Јавното правобранителство ("Службен лист на ФНРЈ" бр. 24/52).  

.     Со донесувањето на Законот за Јавното правобранителство ("Службен лист на ФНРЈ" бр. 51/55) престанува да важи Законот за Јавното правобранителство основано со законот објавен во ("Службен лист" бр. 24/52).
    .
            За првпат материјата за Јавното правобранителство како републички пропис е регулирана во Законот за Јавното правобранителство ("Службен весник на СРМ" бр. 19/66) , кој Закон престанува со Законот за Јавното правобранителство ("Службен весник" бр. 9/77). Според одредбите на овој Закон, Јавното правобранителство е орган на Републиката, на општините  и на Град Скопје, кој превзема мерки и правни средства определени со Закон заради правна заштита на имотните права и интереси и врши и други права и должности определени со Закон.
            .Со донесување на Законот за Јавното правобранителство ("Службен весник на РМ" бр. 47/97) престанува да важи Законот за Јавното правобранителство ("Службен весник на СРМ" бр. 9/77) , и општинските јавни правобранителства и Јавното правобранителство на град Скопје престануваат со работа со денот на примената на овој Закон 01.01.1998 година , а Јавното правобранителство на Република Македонија продолжува со работа како служба на Владата на Република Македонија .
             Со овој Закон Јавното правобранителство се основа како служба на Владата на Република Македонија која превзема со Законот определени мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши и други права утврдени со Закон.
           Со одлука на Владата објавена во ("Службен весник на РМ" бр. 57/97) се утврдува бројот на подрачјата за вршење на Јавно правобранителската функција и тоа: Скопје, Битола,Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Кичево, Куманово, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Струмица, Струга, Тетово и Штип. Со донесувањето на Законот за Државното правобранителство ("Службен весник на РМ" бр.87/07) со денот на започнувањето на примената на овој Закон престанува да важи Законот за Јавното правобранителство ("Службен весник на РМ" бр.41/97) и Јавното правобранителство на Република Македонија продолжува со работа како Државно правобранителство.
         Според одредбите на Законот за Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг Закон.

     Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, Законот и ратификуваните меѓународни договори.
     Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители во Државното правобранителство. .
         Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
         Владата на Република Македонија по предлог на Државниот правобранител со Одлука го определува бројот на Државните правобранители и донесува Одлука со која го утврдува седиштето на Државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши Државноправобранителската функција.

            Согласно Одлука бр.19-6641/1 од 2 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија утврдени се 15 седишта на државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши државно-правобранителската функција и тоа во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга, Кичево, Гостивар и Охрид.

Со Одлука бр.19-6641/2 од 02 јануари 2008 година на Владата на Република Македонија определен е бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Македонија при што за подрачје Скопје се определени 10 (десет) државни правобранители, за подрачје Гостивар 3 (три) државни правобранители, за подрачјата Битола, Велес, Кочани, Куманово, Тетово, Струга и Кичево по 2 (два) државни правобранители и за подрачјата Охрид, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица и Штип по 1 (еден) државен правобранител.

Со Правилник Дел бр. 08-1437/7 од 14 јули 2008 година на Министерот за правда, утврдена е формата и содржината на образецот, содржината, постапката и начинот на издавање, користење и одземање на службената легитимација на Државниот правобранител на Република Македонија и државните правобранители.

 

1.12.3. ЗАКОНИ ВРЗ КОЈ СЕ БАЗИРА РАБОТЕЊЕТО

            Работењето на жавното правобранителство на Република Македонија се базира врз следните закони:

  • Закон за Државно Правобранителство (сл.весник на Р.М. бр. 87/07 и 104/15),
  • Закон за приватизација на државно земјиште (сл. весник на Р.М. бр. RM бр. 4/05,13/07,165/08,146/09,18/11,51/11),
  •  Закон за денационализација (сл. весник на Р.М. бр. RM бр. 20/98, 31/00, 42/03, 44/07, 14/09, 20/09,72/10, 171/2010, 55/13),
  • Закон за градежно земјиште (сл. весник на Р.М. бр. RM бр. 17/11, 53/11,144/12, 25/13, 137/13),
  • Закон за земјоделско земјиште (сл. весник на Р.М. бр. RM бр. 135/07, 18/11, 42/11, 148/11,95/12, 87/13),
  • Закон за експропријација (сл. весник на Р.М. бр. 95/12, 131/12, 24/13),
  • Закон за домување (сл. весник на Р.М. бр. 99/09, 57/10,36/11, 54/11, 13/12, 55/13),
  • Закон за продажба на станови во општествена сопственост (сл. весник на Р.М. бр. 36/90, 62/92, 7/98, 24/03, 24/11),
  • Закон за нотаријат (сл. весник на Р.М. бр. 55/07, 86/08, 139/09, 135/11),
  • Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал  (сл. весник на Р.М. бр. 38/93, 48/93, 21/98, 25/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 35/06,84/07,123/12),
  • Закон за ловство (сл. весник на Р.М. бр. br 26/09, 82/09, 1/12, 69/13),
  • Закон за постапување по претставки и предлози (сл. весник на Р.М. бр. 82/08,13/13)

            1.12.4. АНАЛИЗА НА ОБЛАСТА НА ДЕЛУВАЊЕ

            Државното правобранителство на Република Македонија во областа на своето делување ја застапува Република Македонија и нејзините органи пред судовите и други органи при што ги презема сите мерки и правни средства по сите основи. Државното правобранителство врши застапување на закажани рочишта, поднесува тужби, одговори на тужби, поднесоци, поднесува редовни и вонредни правни средства.

            Во превентивната постапка Државното правобранителство на Република Македонија презема потребни дејствија заради испитување и одлучува за основаноста на преземање на одредени правни дејствија по барања на државни органи.

            Споровите кои се водат во парничните постапки каде Државното правобранителство на Република Македонија се јавува како законски застапник на Република Македонија и нејзините органи, се по најразлични основи, од кои како   најчести и позначјани може да се споменат следниве:

            - спорови за утврдување на право на сопственост на недвижен имот

            -спорови за надомест на материјална и нематеријална штета, и тоа по основ на неоправдано осудени или неосновано лишени од слобода лица; заради противправно одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка; како и надомест на штета по други основи;

            - Спорови во врска со поништувањето на договори кои ги склучила Република Македонија, особено: договори склучени во постапките за отуѓување или давање под закуп на државен имот (градежно земјиште, земјоделско земјиште); договори склучени во постапките за јавна набавка и други договори каде како договорна странка се јавува Република Македонија или некој нејзин орган, доколку постојат законски основи за нивно поништување;

            - Спорови во врска со наплата на долгови по најразлични основи, било во случај Република Македонија или нејзин орган да се јавува во својство на доверител или должник;

            - Работни спорови во кои најчесто државните органи се тужени заради спроведена постапка и донесени одлуки по дисциплински постапки, неисплатени степен на кариера, и утврдување дека државните службеници се стекнале со степен на кариера,  поради недонесување решение за стекнување со степен на кариера, исплата на јубилејна награда и др.

           -Спорови за утврдување оспорено право во стечајна постапка

            Согласно член 46 од Законот за нотаријат, улогата на Државниот правобранител во давање на мислења е од големо значење. Имено ако е во прашање потврдување на исправа врз основа на која се врши пренос на правото на сопственост, физичка делба на недвижност, односно размена на недвижности, како една од договорните страни се јавува Република Македонија, нотарот е должен да испита дали е прибавено мислење од Државниот правобранител. Доколку за приватната исправа не е прибавено мислење од Државниот правобранител, нотарот ќе го извести за тоа Државниот правобранител и ќе го одложи потврдувањето на исправата додека не биде дадено мислењето,  а најдоцна за 30 дена. Ако Државниот правобранител не даде мислење во определениот рок, нотарот ќе го изврши потврдувањето на исправата како да е дадено мислење. Исправите потврдени спротивно на одредбите на овој член немаат сила на јавна исправа и се сметаат за апсолутно ништовни.

            Државното правобранителство како законски застапник на Република Македонија во стечајните постапки учестува како доверител во случаевите кога по известие добиено од Управата за јавни приходи,  Државното правобранителство  поднесува барање за отворање на стечајна постапка, односно во отворена стечајна постапка поднесува стечајни побарувања кои ги има Република Македонија спрема стечајниот должник.   Во стечајната постапка пред судовите, Државното правобранителство зема активно учество штитејќи ги имотните права и интереси на Република Македонија кога таа или нејзин орган се јавува како доверител во стечајна маса. Во случаите кога се работи за поголемо побарување што Република Македонија го има пријавено во стечајната маса, тогаш Државното правобранителство учествува во работата на Одборот на доверители.

            Државното правобранителство на Република Македонија преку државните правобранители, превзема соодветни мерки и правни средства за заштита на имотните права и интереси на Република Македонија. Во сите случаи кога се констатираат повреди на имотните права и интереси на Републиката во процесот на денационализција, се поднесуваат тужби до Управниот суд, односно жалби до Вишиот управен суд

            Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози согласно кој има определено лице кое постапува по претставките и предлозите.

              Државниот правобранител на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно кој се определени службени лица кои  посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или располага Државното Правобранителство на Република Македонија согласно своите надежности во сите 15 подрачја во кои се обавува државно првобранителската функција. Доставен е Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

            Списокот на лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага Државното правобранителство на Република Македонија согласно своите надлежности во сите 15 Подрачја во кои се обавува државно правобранителската функција е објавен на веб страната на Државното правобранителство на Република Македонија

1.12.5. SWOT АНАЛИЗА

            Во рамките на анализата на состојбата користени се техниките на SWOT анализата, која претставува анализа и самооценување на капацитетите на Државното правобранителство на Република Македонија.

 

            Во рамките на SWOT анализата опсервирана е институцијатам нејзината внатрешна структура, надлежноста, одговорноста, силните и слабите страни, капацитетите, човечките и материјалните ресурси, ИТ и друга опрема.

 

            Анализирани се тековните состојби од аспект на вршење на задачите на Државното правобранителство на Република Македонија.

            SWOT анализата како техника за идентификување на силните и слабите страни, на предизвиците и заканите, е искористена со цел да се предвидат активностите што треба да се превземат за да се подобрат силните страни, да се елиминираат слабостите,  да се искористат предизвиците.

            При разгледувањето на SWOT анализата треба да се земе предвид дека одредени слаби страни или закани, со правилно насочување можат да бидат претворени во силни страни и предизвици, кои Државното правобранителство на Република Македонија  може да ги искористи за подобрување и постигнување предност во севкупниот развој.

 

            SWOT анализата се искористи како корисна алатка, со која е направено скенирање на внатрешните влијанија, делот на опкружувањето во кое делува Државното правобранителство на Република Македонија.

 

 

 

 

 

Силни страни:

Предизвици:

-Законската надлежност на Државното правобранителство на Република Македонија  во голем број постапки по сите основи

-Етаблирана современа организациска структура, која е ефективна и функционална

-Стручен, компетентен кадар со смисла за тимска работа и системски пристап во работењето

-Едуциран и обучен кадар, со кредибилитет, квалитет, одговорност, ефикасност во вршење на државноправобранителската функција

- државноправобранителската функција ставена во служба на заштита на интересите на државата како нејзин давател на услугите

- Искуството во областа на законитост, стручност и ефикасност, поврзано со заштита на имотните права и интереси на државата

- Постојана тенденција за подобрување на квалитетот на давање на стручни мислења

-Отвореност кон промени и подобрување на квалитетот на вкупното работење

-Одважност и посветеност на вработените

 

 

-Делегирање на задачите, правата, обврските, надлежностите и одговорностите

- Подигање на менаџерските способности на сите нивоа во Државното правобранителство на Република Македонија  ;

-Воспоставување на современ систем на менаџирање со човечки и материјални ресурси

- Измена и дополна на Законот за државното правобранителство

-Поттикнување и зголемување на мотивацијата и намалување на отпорот кон промени

-Зајакнување на капацитетите за стратешко планирање

-Зајакнување на соработката со сите институции

-Поттикнување на развојот и опремување со ИТ технологија

 

Слаби страни:

Закани:

-Недоволна обука за користење на ИТ технологија

-Недостиг на нова информатичка технологија и кадар

-Недостиг од континуирана обука на дел од вработените

-Недостаток од кадар

-Потреба од стручно усовршување-посета на семинари

-Недоволни ресурси, опременост, база на податоци,аналитички пристап во следењето на појавите и перманентна евалуација на организацијата и методологијата на работа;

 

-Честото менување на законската регулатива и кратките рокови за нејзина импементација

-Неможност за квалитетно следење на ИТ технологијата и примена на истите во делот на работењето

 

1.12.6.  ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ

            Работењето на Државното правобранителство на Република Македонија   се заснова на следните принципи: независност, ефикасност, ефективност, професионалност, стручност, квалитет во постапувањето на предметите, посветеност, усогласеност (координација).

            Независност во одлучувањето по предмети (без влијанија од опкружувањето, политички и др.)

            Ефикасноста на Државното правобранителство на Република Македонија  се заснова на навремено постапување по предметите согласно законските рокови..

            Ефективноста на Државното правобранителство на Република Македонија   се должи на успешно решавање на што поголем број на предмети

            Професионалноста се должи во законско постапување по предметите со примена на објективниот критериум.

            Стручноста во постапувањето по предмети се темели на познавање на законски прописи од областа на предметната работа, и следење на измените на истите.

            Квалитетно извршување на задачите значи заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

            Посветеност на сите вработени во остварувањето на зацртаните задачи и активности.

            Усогласеност (координација) во работењето и постапувањето односно воедначеност во остварувањето на државноправобранителската функција во и помеѓу утврдените седишта на Државното правобранителство на Република Македонија, во кои се извршува оваа функција на територијата на Република Македонија.

 

            Со донесувањето на стратешкиот план и реализирање на приоритетите и целите од истиот, ќе се обезбеди законито, стручно, ефикасно и економично извршување на државноправобранителската функција како основна законска функција на органот на селата територија на Република Македонија и исполнување на Стратешките приоритети на Владата на Република Македонија.