Печати

Соопштение

Премиерот Заев во посета на Државното правобранителство, на средба со правобранителите од Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска го посети Државното правобранителство и оствари средба со правобранителите од Република Македонија, предводени од државниот правобранител Фехми Стафа.

На средбата се разговараше и за можностите за подобрување на условите за работа на оваа институција, како и за можностите поврзани со коефициентот за пресметување на платите на јавните правобранители.

Премиерот Заев посочи дека институцијата е важна за Република Македонија, затоа што е фактор во заштитата на државата во судските постапки.

Премиерот ги информираше правобранителите за намерите на Владата, да помогне во подобрување на условите за работа на правобранителството и службите во оваа институција, и истакна дека во соработка со МВР изнајдено е решение за проблемот со обезбедувањето на јавното правобранителство.

„Одлучни сме да ги подобриме условите за работата и да ја поддржиме модернизацијата на оваа институцијата. Тоа е составен дел во ефикасноста на процесите, што влијае и на останатите институции и животите на граѓаните“, рече премиерот Заев пред Правобранителите.

Премиерот Заев апелираше правобранителите да сторат се што е во нивна надлежност да се динамизираат процесите на денационализација, да нема застои. Тоа, додаде Заев, ќе допринесе кон економски исплатливо користење на имотите кои се заглавени во тие случаи, од кое бенефит ќе имаат и државата и граѓаните на Република Македонија.

Правобранителите на средбата изразија благодарност за посетата и задоволство од поддршката на Владата за обезбедување кадровски и логистички услови за подобрување на работата на оваа институција.

Обезбедувањето опрема за дигитализација на Архивата и на сите предмети што во иднина ќе се примат за работа и напорите да се воведе електронски систем се клучни за зголемување на ефикасноста.

Државниот правобранител, Стафа, ги поздрави напорите на Владата за подобрување на условите за работа и се заблагодари за оваа прва посета на премиер на оваа државна институција.

Тој изрази надеж дека ваквата комуникација ќе продолжи со цел продлабочување на соработката, подобрување на условите но и на ефектот од работата на правобранителството.

 

 

Печати

Соопштение

Сопштение

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, придружуван од Државниот правобранител за подрачјето на Градот Скопје, г-ѓа Вишња Младеновска на покана на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), денеска (понеделник, 24-ти септември), учествуваше на Јавната дебата за нацрт текстот на предлог Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. На јавната дебата учествуваа министерката за правда Рената Дескоска, директорката на Меѓународниот републиканскик институт, Илина Мангова, Слаѓана Тасева како експерт и Данче Даниловска од Фондацијата отворено општество Македонија и претставник на Платформа на граѓански организации за антикорупција и други преставници. Државниот правобранител, г-дин Фехми Стафа, активно учествуваше во дискусијата, со сопствени ставови и коментари на предлог на законот.

 

  

                                  

 

 

Печати

Соопштение

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, придружуван од Државниот правобранител за подрачјето на Градот Скопје, г-дин Саша Станчевски, денес (петок, 14.09.2018) учествуваше на тркалезна маса за промоција на компаративната правна анализа на тема: “Најдобрите европски практики за мерење на перформансите на јавните обвинители во Унгарија, Франција, Обединетото Кралство, Данска, Хрватска и Македонија”, која се одржа во Скопје.

 На тркалезната маса учесниците беа запознати со методологијата за мерење на перформансите на јавните обвинители што претставува позитивна пракса која што во иднина би можела да се примени и за мерење на успешноста во работата на Државните правобранители во Република Македонија.

На настанот присутните беа запознати и за искуствата од евроспките земји во предметната област при што беше потенцирано дека позитивните искуства од земјите учеснички на настанот е позитивно да бидаат применети и во легислативата во Република Македонија.

Од страна на Државниот Правобранител Стафа беше истакнато дека организацијата на овој вид настани е од исклучителна важност за Република Македонија како од аспект на размена на искуства така и од аспект на подобрување на националното законодаство во областа на Државното правобранителство и фунскционирањето на оваа институција.

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, изрази благодарност до присутните за нивното активно учество на настанот и бладодарност до Британската Амбасада во Република Македонија.    

                            

Печати

Соопштение

СООПШТЕНИЕ

 

            Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија на ден 05.09.2018 година се одржа работна средба помеѓу Државниот правобранител на Република Македонија Фехми Стафa и Генералниот секретар на Владата на Република Македонија д-р Драги Рашковски.   

            На истата присуствуваа  и Државните правобранители за подрачје Скопје.

            Државниот правобранител на Република Македонија  се заблагодари за укажаната чест и искажа посебна благодарност до Генералниот секретар на Владата на Република Македонија за остварената средба.

             Генералниот секретар на Владата на Република Македонија беше запознаен со сите проблеми со кои се сретнува во работата Државното правобранителство на Република Македонија во остварување на својата надлежност.

            Беше искажано разбирање и добра волја од страна на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија за надминување на одредени проблеми и подобрување на  условите во кои  работи Државното правобранителство на Република Македонија.

             

 

            

Печати

Посета на Словенија

На покана на Државното правобранителство на Република Словенија, а по повод одбележување на денот на Правобранителство на Словенија, државните правобранители Лидија Штерјова, Саша Станчевски и Зоран Петковски од Државното правобранителство на Република Македонија во деновите од 29.05 до 31.05.2013 година остварија работна средба со Генералниот државен правобранител на Република Словенија Д-р Боштјан Тратар, заменик на Генералниот државен правобранител и раководители на оддели во Државното правобранителство на Република Словенија. 


На работната средба се разменија искуства во делот на надлежностите на работата на Државните правобранителства на двете држави.